II Хуманитарен Качувачки Собир ГоГо

СКК ЕКТРЕМ, СКК ВАРДАР и СКК КАРПОШ од Скопје, ве повикуваат на заедничко качувачко дружење на Кадина во недела, 06.12.2015. Ова качување ќе биде пред се од хуманитарни цели, со тоа што средствата од регистрацијата ќе ги донираме за нашиот качувач пријател Гораст алиас Гого.

Ве очекуваме во што поголем број за сите заедно да качуваме, донираме и со позитивна спортска мисла да му помогнеме на Гого!

Мапата на автомобилската рута која води до 'Кадина Пештера' ќе ја најдете најдолу на оваа страница. Доколку ви се потребни дополнителни информации, слободно контактирајте не преку нашата контакт форма.

Mапа на авто -рутата до 'Кадина Пештера'