СВ.НИКОЛА -с.ТРПЕЈЦА

Насоки за спортско качување    4
Тежини   5b6a+ 
Должина јаже:    60m
Карабинери    7-10
Должина на насоки    1530m
Сезона    Пролет, Лето, Есен, Зима

Змии во лето -мала но присутна веројатност

КРАТКА ИСТОРИЈА

Овој локалитет е роден лето 2008 година нешто по UIAA младинскиот семинар за поставување на насоки. Во текот на оваа неколку дневна качувачка авантура беа отворени овие насоки за спортско качување. Качување, капење, клинчење, со овие зборови може да се опише веселата приказна за раѓањето на овој мал локалитет.

ОПИС

Иако има само 4 насоки за качување, овој локалитет претставува вистинско место за летна качувачка разонода. Структурата на карпата е од црвен варовник со сталактитна структура, насоките се кратки, добро исклинчени и мошне забавни. На самата плажа има карпа која се наоѓа во вода и нуди интересна занимација за време на капењето во езерото. Мало место со голема приказна.

ЛОКАЦИЈА

Неколку километри пред с.Трпејца има исклучување од патот кое води до голема полјана каде што се остава возилото. Оттаму се продолжува пеш надоле се до плажата. Од плажата се продолжува низ мала шума, и се стигнува до насоките.