НАЈАВА ЗА НАСТАН: III Цветен Качувачки Фестивал -Кадина Пештера 2016

НАЈАВА ЗА НАСТАН: III Цветен Качувачки Фестивал -Кадина Пештера 2016

Прагот на пролетта е пред нас, како и на новата качувачка сезона, одтаму, СКК Екстрем ве поканува на 'III Цветен Качувачки Собир' кој ќе се одржи за трет пат на локалитетот Кадина Пештера, Скопско. Со овој Цветен Качувачки Фестивал, веќе трета година во ред, во наш, качувачки стил го поздравуваме доаѓањето на пролета -будењето на природата и го одбележуваме почетокот на новата качувачка сезона, дружејќи се, качувајќи и престојувајќи во природа. 

Оваа година програмата на 'III Цветен Качувачки Фестивал' ќе понуди многу качување, како и секојпат, качувачка забава покрај логорски оган како и дегустација на најдобар десерт -односно било каков десерт кој ќе го донесе секој (колач, торта, кекс или било кој друг сладок десерт донесен од учесниците).

'Дрес код' -от за сите, пожелно е да биде облека во весели и цветни бои кои ја симболизираат пролетта (тоа би можело да виде хавајска кошула, цветни панталони, хипи хеланки -бои кои означуваат пролет, радост, ведрина и позитивен дух)
 

Оваа пролет ќе уживаме и искусиме бројни и нови, тазе -исклинчени качувачки насоки со различни тежини и разновидни качувачки стилови. Качувачкиот маратон на фестивалот ќе се рангира во две качувачки категории, категорија до 6c+, и втората категорија од 6c+ па нагоре.

Интересен новитет оваа година е тоа што по завршување на качувањето секој качувачки пар, ќе има за цел да истрча од првата до последната насока на локалитетот со својот партнер на грб, а за крај на маратонот ќе има дегустација на приложените десерти. 

За сите заинтересирани кои би сакале да пробаат да качуваат и да ги направат своите први чекори во качувачкиот спорт, ќе биде поставена лесна качувачка насока, за почетници, каде што сите кои досега немале прилика да качуваат на природна карпа ќе имаат одлична прилика за качување и генерирање на незаборавни спомени. :)

Од 21 частот, над карпата на Кадина, ќе има вечерна качувачка забава -журка со логорски оган. Над карпата има место за поставување на шатори каде и ќе биде кампот. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Епа драги пријатели, качувачи и авантуристи, Ве покануваме да ни се придружите и заедно да ја пречекаме пролетта во природа, со прекрасно друштво, добра авантура и преубава качувачка енергија !

За сите новости следете ја страната на настанот на Фејсбук:

III Цветен Качувачки Фестивал -Кадина Пештера 2016

Се гледаме на Кадина !!