СПОРТСКО КАЧУВАЊЕ НА ВЕШТАЧКИ КАРПИ
Вештачите карпи се најчесто метални конструкции врз кои се инсталирани ПВЦ или дрвени табли, на кои има поставено навои за монтирање на фаќалишта. Вештачките карпи уживаат голема популарност во качувачкиот свет поради нивната функционалност како тренинг и натпреварувачки центри и како и едноставната прилагодливост и можност за поставување на креативни насоки. Насоките на вештачка карпа се направени со помош на фаќалишта и газилишта во разни форми и големини, а при качување качувачот се обезбедува на поставените карабинери. Насоките на вештачка карпа ги поставуваат обучени и искусни поставувачи (рут сетери). Официјалните натпревари во спортското качување, тренинг програмите како и масовната комерцијализација на овој спорт се одвиваат исклучиво на вештачки карпи.