ШТО Е СПОРТСКО КАЧУВАЊЕ?


Спортското качување  е слободно совладување на одредена линија на природна или вештачка карпа, на однапред поставени и обезбедени насоки, користејќи се исклучиво со рацете и нозете за напредување ​во насоката, нагоре. ​Целта и идеата е да ​успее да се стигне до врвот на карпата или крајната точка (сидриште) без пад или било какво помагање  со безбедносната опрема (влечење по комплети и итн.), качувајки исклучиво користејќи се со рацете и нозете, и доведувајки ја на тест личната атлетска способност.  Качувачот при што качувањето е обезбеден со јаже, карабинери и експанзивни клинови за максимална безбедност при евентуален пад. 

Духот и суштината на спортското (слободното) качување е надминување на сопствените можности ​и континуирано поместување на границите качувачкиот спорт. Користејчи се со соодветни техники за обезбедување и качување​ и сите препорачани и утврдени мерки за претпазливост и безбедност, спортското качување е еден од најбезбедните спортови што ги познава човекот. Магијата на овој спорт е покревање на сосптвените можности, подигнување на личните граници, како и градење самодоверба и покревање на личната способност преку паралелен процес на незаборавна качувачка авантура со секоја следна качена насока.

ClimbingSchool.mk -Курс за качување

Нашиот курс за качување ​ е најбрз, наједноставен и најбезбеден начин да започнете да се занимавате и практикувате спортско качување на вештачка или на природна карпа, заедно со вашиот качувачки партнер.

Спортското качување е спорт за секој кој трага по поинаква спортска активност, исполнета со возбуда, адреналин и  поинакви искуства. Качувачкиот спорт е безвременска активност, односно може да се занимава секој во здрава психо -физичка состојба без оглед на возраста. Желба и основна обука е се што е потребно за да зачекорите во височините. Изборот дали ќе качувате на вештачка карпа во урбана средина или пак во прекрасната дивина која ги окружува карпите ширум Македонија е Ваш избор, но најважен е првиот чекор, да бидете водени и обучени од искусен и професионалн спортски качувач -инструктор. Текот на обуката во школата се одвива на вештачките карпи во Скопје како и на природните локалитети за качување ширум Р. Македонија.