СТЕЊЕ- Преспа

Насоки за спортско качување    12
Тежини   5b+   7а+ 
Должина јаже    60m
Карабинери    10  15
Должина на насоки    12m  18m
Сезона    Пролет, лето, есен
SW   Можни одрони или лабави камења. Можна појава на змии.

КРАТКА ИСТОРИЈА

Спортско качувачкиот локалитет Стење е отворен од страна на Горан Кузмановски и членовите на СКК Вертикал –Битола.

ОПИС

Стење е мал качувачки локалитет, кој се наоѓа на самата плажа на брегот на Преспанското езеро, во непосредна на македонско-грчко-албанското тромеѓе.Структурата на карпата е сов варовник. Тежинските оцени на насоките се пониски при што овој локалитет е идеаен за качувачи почетници кои сакаат да напредуваат и качувачки школи. Насоките се солидно оклинчени а приодот до карпата и околу неа е одличен. Дополнителен епитет е што насоките се наоѓаат на самиот брег на Преспанското езеро, што го прави совршен локалитет преку летo. Тишината и ѕвуците на околната фауна ја причинуваат волшебната енергија на овој локалитет.

ЛОКАЦИЈА

Локалитетот Стење е на самиот брег на Преспанското езеро, јужно од излезот на с.Стење. по околу 1km одење пеш по брегот од с.Стење се доаѓа до насоките.