Спортското Качување доби влез за ТОКИО 2020 !!!

Спортското Качување доби влез за ТОКИО 2020 !!!

Спортското качување е еден од осумте спортови –кандидати за влез во семејството Олимписки спортови. На 7 и 8 Август 2015 овие спортови се претставија во Токио, како кандидати за претстојните Олимписки игри во 2020. Денес започнува нова ера за спортското качување, како спорт кој е официјално предложен за нов спорт на претстојните Олимпски Игри –Токио 2020, од страна на Комисијата за Додатни Настани на Токио 2020.

„Ни претставува огромна чест што сме одбрани. Благодарност до Комисијата за Додатни Настани што ни ја пружи оваа фантастична можност и прифаќање во Олимпиското Движење, но секако ни претстои уште долг дел од патот, при што сите ние при IFSC, сме длабоко посветени да одговориме на сите предизвици кои ни претстојат. Заедно со нашите спортисти и Националните Федерации во моментов освојуваме нови височини“ –вели Марко Сколарис, Претседател на IFSC во својата изјава.

„ Сега, повеќе од секогаш веруваме дека Спортското Качување ќе биде совршено надополнување во Олимписката Програма на ТОКИО 2020, а истовремено и извор на инспирација на 500.000 јапонски качувачи како и сите гледачи кои ќе го откријат за првпат овој спорт“ вели Јагира Кунио, Претседател на JMA (Јапонска Планинска Асоцијација).

Во моментов IFSC е целосно посветена на финалните чекори кои ќе ги преземе пред да падне финалната одлука, на 129 заседание на Меѓународниот Олимписки Комитет во Рио 2016. Дотогаш IFSC ќе продолжи да работи со спортистите и Националните Федерации со цел да ја зајакне својата организација и да го потврди изборот на Комисијата за Додатни Настани (Additional Event Programme Panel)