Спортско Качување влегува на скратена листа за Олимписки Игри -Токио 2020

Спортско Качување влегува на скратена листа за Олимписки Игри -Токио 2020

Спортското качување како спорт застапувано од Интернационалната Федерација за Спортско Качување (IFSC) влегува во скратената листа за спортови кои ќе се прифатат како олимписки и ќе нивен настап ќе има во Токио 2020 каде ќе се одржат Летните Олимписки Игри.

Ова е еден од серијата обиди на IFSC да го вклучи спортското качување како олимписки спорт. Последниот обид за ова да се случи, доживеа дебакл во 2013 година кога борењето, бејзболот и сковшот го ‘излактаа’ спортското качување. Но Организациониот Комитет на ТОКИО 2020, препознавајќи ги вистинските вредности на спортот –спортско качување, повторно ја разгледа оваа можности изјаснувајки се: „Ова е одржлив спорт кој ја развива личната сила, флексибилност и аналитички вештини, Натпреварувачкото спортско качување го отелотворува Олимпиското Движење и неговите суштински вредности“.

Притоа се донесе нова одлука за спортското качување да биде ставено на скратената листа – стеснет список за спортови кандидати да се придружат на Олимпиското семејство во Токио 2020.

Записот од прес конференцијата на IFSC може да го погледнете ТУКА.

Скратена листа на официјалната страна на TOKYO2020