Соништата за Ајгер: Саша ДиЏулијан и Карло Траверси успешно излегоа на врвот на Северната страна

Соништата за Ајгер: Саша ДиЏулијан и Карло Траверси успешно излегоа на врвот на Северната страна

По речиси еден цел месец поминат во обиди за слободно искачување на насока со тежина 8а, на Северната страна на Ајгер, Швајцарија, Саша ДиЏулијан и Карло Траверси направија успешно и слободно ја искачија насоката Magic Mushroom (7с+) со вкупно 21 јажева должина, која се наоѓа најдесно на Северната страна на Ајгер.

Двајцата американски качувачи, абзелуваа* на насоката претходниот ден, за да направат оглед и проверка на условите кои би се соочиле при качувањето. Тие, следниот ден, веднаш започнаа со искачување на насоката задржувајќи се 3 дена, се до нивното излегување од насоката.

Magic Mushroom е за првпат искачена во 2007 година од Роџер Шхали и Кристоф Хајнц, кои што ја искачија цела, но само неколку должини искачија слободно. 600 метарската насока, која завршува на совршена камена формација во облик на печурка се наоѓа на десното крило на карпата и е долга пола висина од северната страна за прв пат е искачена од Штефан Сигрист и Ралф Веберво 2009 година, оценувајќи ја како 7c+. Првиот дел од насоката е во главном од 5с+ до 6b, додека погоре веќе почнуваат од 7а па и потешки должини на јаже. Насоката е добро обезбедена, со биени алпинистички клинови и експанзиони, со исклучок на две -три места,  каде што се дотрајани.

Засега, Саша и Карло се првите Американци кои ја искачиле Magic Mushroom (7c+), додека за Саша е потврдено дека е првата Американка која ја има качено насока овој тип, на Северната страна на Ајгер.

Првата жена која има качено насока од овој стил, добро поклинчена и со високо оценета тежина на Северната на Ајгер е Инес Паперт, искачувајќи ја слободно, редпоинт, насоката Symphonie de Liberté (8а) со вкупно 25 јажеви должини, и тоа во еден ден, во наврска со Ханс Лохнер. Патем, битно е да се напомене дека првата насока, уште во далечната 1938 година, на Северната страна на Ајгер (значително подолга микс* насока) е за првпат искачена од жена во 1964.
Мисијата на ДиЏулијан и Траверси всушност беше насоката La Paciencia (8а тежина со вкупно 23 јажева должина), подолга и доста потешка насока во однос на Magic Mushroom. Но за жал, поради континуирано лошите временски услови, врнежи од дожд и од снег на Ајгер, беа ограничени во својот планиран потфат, поради што беа принудени да го променат планот и да тргнат кон ‘освојување’ на Magic Mushroom (7c+), каде што моменталните услови биле значително подобри од она што ги затече на La Paciencia.