Соништата за Ајгер: Промена на планот -Саша ДиЏулијан и Карло Траверси

Соништата за Ајгер: Промена на планот -Саша ДиЏулијан и Карло Траверси

Саша ДиЏулијан и Карло Траверси уште еднаш беа ставени во небрано и принудени да се откажат поради снежното невреме и вистинските зимски услови со кои се соочија на нивната мисија за слободно искачување на La Paciencia, насока со тежина 8а на Северна на Ајгер –но сеуште не откажувајќи се од својот сон за Ајгер.


Во моментов ДиЏулијан и Траверси нишанат кон друга насока на северната страна, уште една класика на Штефан Сигрист –Magic Mushroom (7c+) со вкупно 21 јажева должина, бидејќи оваа насока помалку е погодена од невремето од дожд и снег кое го зафати Ајгер уште од почетокот на изминатава недела.

 


Ноќта на 26 Август, влегоа во Западната крило на Ајгер, притоа бивакувајќи една ноќ, со цел да направат оглед на насоката и на условите со кои би се соочиле. Magic Mushroom им изгледа прилично сува, при што започнаа со качување и оглед еднаш штом пристигна до насоката.


Доколку се оди добро, оваа моќна двојка би требало да излезат од насоката во теков на денешниов ден (Сабота, 29 Август). Доколку успеат, Саша би била првата девојка која би ја имала искачено оваа насока, превисната Magic Mushroom (7c+), со вкупно 21 должина на јаже, која излегува на камената формација во вид на печурка, која што base скокачите ја користат како рампа за скокови од Ајгер.