Соништата за Ајгер: Обид кон врвот -Саша ДиЏулијан и Карло Траверси

Соништата за Ајгер: Обид кон врвот -Саша ДиЏулијан и Карло Траверси

По неколку неделните подготовки и лошото време, Саша ДиЏулијан и Карло Траверси ќе направат обид за искачување на 920 метарската насока La Paciencia ( 8а), на Северната Страна на Ајгер, Швајцарија. Северната страна на Ајгерот, е озлогласена не само поради својата техничка тежина, туку и поради големите одрони на камења кои летаат одозгора, како и непредвидливите и брзи промени на временските услови.

За разлика од останатите насоки на Ајгер,  La Paciencia  не е стандардна насока која следи одредена пукнатина или сличен стил на качување. Всушност, La Paciencia е болтирана спортско качувачка насока на огромното варовничко лице на северната страна на Ајгер. Од вкупно 23 должини на јаже, седум се со тежина од 7а и нагоре, со 8а тежина на клучната должина, а најлесната должина е 6a+.

Во 2001 година, Штефан ​Сигрист (Stephan Siegrist) и Раул Бјард (Raul Bayard) имаа јасна визија за оваа линија и веднаш започнаа со клинчење.   Во 2003 година, Сигрист заедно со Ули Штек (Ueli Steck) го завршуваат проектот, велејќи дека идејата за насоката не им била Алпски стил на насока,  туку да отворат величествена и легендарна спортска насока на Северната на Ајгерот –изјави Штек кој исто така вели Насоката не е завршена се додека не биде слободно качена –за мене, предизвикот не е само да се направи нова насока на Ајгер, туку и да се качи слободно“.

И покрај тоа што Сигрист и Штек завршија со клинчење во 2003, поминаа 5 години пред да направат обид, за прво и слободно искачување. На 29 Август, 2008, тие влегоа во насоката, менувајќи го водството нагоре наизменично со цел да се движат побрзо. Во текот на качувањето тие направија едно бивакување, и излегоа на врвот во 14 часот наредниот ден. Сергеист водеше 7 должини на јаже додека Штек водеше 16 должини –Штек успеа во личниот предизвик успевајќи да ја качи слободно целата насоката, што воедно е и првенствено искачување на La Paciencia.

/>

Доколку успее во својот предизвик, Саша ќе биде првата девојка која успешно го има качено La Paciencia додека Траверзи ќе биде првиот маж, Американец кој ја има качено оваа насока. ДиЏулијан, која во својата блескава и виртуозна качувачка кариера се има впишано како првата американка која има качено 9а –таа дефинитивно поседува талент и способност за да го реализира својот сон за La Paciencia.

 Мојата слабост во оваа ситуација е составена од два дела, стравот кој го имам во себе од оваа планина, како и недостатокот на искуство во токму овој тип на алпинизам“ –изјави Саша во интервјуто со Vice Sports, додавајќи „како моја јака страна во качувањето и извор на сила ја сметам мојата упорност и и неисцрпната желба за обиди, повторно и повторно“

Наскоро со нови информации од обидот на Саша и Карло за искачување на La Paciencia на озлогласениот Ајгер.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ЦЕЛИОТ СЕРИЈАЛ НА EIGER DREAMS кратките видеа од GoPro камерата на Саша.