Во Неделата, 6 Декември, се одржа II по ред Качувачки собир со хуманитарна цел. Настанот 'II Качувачки Собир -ГоГо' се одржа на фамозниот локалитет Кадина Пештера во месноста Таор, во близина на с. Зелениково, Скопско. На самиот локалтет беше поставена кутија за донација на средства кои ќе бидат донирани како помош околу трошоците за лекување на нашиот другар и ко-качувaч Горазд Николовски.

Имено на Горазд неодмна му е дијагностициран малиген коскен тумор OSTEOBLAST SARCOMA, редок и агресивен тумор на фемурот на десната потколеница. На Горазд му претстои макотрпен период на борба и лечење. Гого верува во себе, но потребна му е и нашата помош. Ве молиме да бидете хумани и помогнете нашиот другар да ја добие најважната борба во неговиот живот -животот !
Отворени се броеви за донации ТЕЛЕКОМ 070-143-191, ОНЕ 075-143-650 и ВИП 077-143-193. Да ја изразиме нашата хуманост и да му помогнеме на Гого можеме да донираме средства и преку жиро сметка Kомерцијална банка А.Д. Битола: 300067021014554 и НЛБ тутунска банка: 210-5016692926-43 .
Возможно е да помогнеме и електронски! За Online донации Ве молиме кликнете ТУКА!
Иако временските услови не беа најидеални, покрај облачното и студено време, на настанот врвеше опуштена и позитивна качувачка атмосфера која беше проследена со многу качување како и голем интерес кај оние кои за првпат се сретнаа со спортското качување. За време на овој качувачки собир беа отворени и неколу нови и свежо исклинчени качувачки насоки, креација на Владимир Трповски заедно со качувачките пријатели од Србија, Бранко и Немања.
Иницијативата за реализација на овој качувачки собир беше на спортско качувачките клубови од Скопје, Скк Екстрем, Скк Вардар и Скк Карпош, но интересно а неизбежно да се спомене е дека по иницијатива на Стојан ХаџиЈефтимов -Столе, долгогодишен велосипедист и натпреварувач во планински велосипедизам, истовремено и спортски качувач беше организирана и Хуманитарна Велосипедска тура 'ГоГо' со релација почнувајќи од Плоштадот Македонија преку Драчево, Орешани, Зелениково, Страхојадица и Гумалево, каде што во близина на селото се наоѓа локалитетот Кадина Пештера.


На настанот присуствуваа околу 75-мина хумани качувачи, велосипедисти и љубители на природата кои се собраа собраа со хуманитарна намера и подршка кон младиот качувач, аванантурист и спортски виртуоз Горазд Николовски -Гого. Благодарност и секоја чест до сите кои направија напор и дојдоа, донира, качуваа и се забавува со копнеж и верба состојбата на Гого да се подобри што поскоро.