Се одржа 'III Цветен Качувачки Фестивал Кадина Пештера 2016'

Прекрасното сончево и топло време, и во вистински шарм на пролетта мина 3-тото издание на 'Цветниот Качувачки Фестивал -Кадина Пештера'. Имено фестивалот кој се одржува очи в очи со почетокот на пролетта, оваа година ни приреди, досега највозбудливо издание на овој фестивал. Цветниот Качувачки Фестивал го организира клубот за спортско качување -СКК Екстрем во името на доаѓањето на пролетта, со стремеж почетокот на пролетта да го дочекаме со качувачки активности и воедно претставува и потик за отворање на нови насоки.

Од оваа година Кадина може да е пофали како локалитет за спортско качување на кој има најмногу оклинчени насоки на едно место во Македонија, односно 32 спортско качувачки линии во тежинска рамка од 5b до 8c+. 

Како возбудлив и спортско натпреварувачки дел  од овој фестивал беше и Рок Трип моделот на качување каде што качувачите се натпреваруваа во пријателски натпревар, а победникот го одлучуваа кавантитетот и тежината на искачените насоки преку сидтем на бодови. 

III ЦВЕТЕН КАЧУВАЧКИ ФЕСТИВАЛ КАДИНА ПЕШТЕРА 2016 Рок Трип -Резултати:

Матјаж Зорко Словенија I Место

Ивица Јовановски /Маја Петровска Македонија II Место

Бранко Недељковиќ /Владимир Ранковиќ Србија III Место

На оваа пролетна качувачка магија присуствуваа околу 56 качувачи, каде што покрај Македонските качувачи, на фестивалот се приклучија и учествуваа качувачи од Србија, Словенија, Германија и Финска кои не почестија со нивното присуство и беа причината овој фестивал да биде една незаборавна меѓународна дружба на весели качувачи и авантуристи. 

Убавото и топло време овозможи целодневно качување се до зајдисонце,  одлично дружење и забава во природа, насмевки и уживање во одличните десерти кои ги подготвија и донесоа учесниците. Како и претходните две изданија на цветниот фестивал, така и ова издание, ни донесе многу дружење и во качувачки дух го одбележавме почетокот на пролетта, но за разлика пак од изминатите години, оваа година Кадина Пештера брои вкупно 32 насоки, велечиствено замислени линии од кои доста од нив проекти, кои чекаат да бидат качени.

 

 

Во прилог подолу можете да погледнете некоја слика повеќе од Величествената Кадина