Изминатиот викенд 12 и 13 Септември, во Стење качувавме, спортувавме, се журкавме и забавуваме на Шана Мана под Галичица –Фестивал за промоција за спортови во природа, дел од проектот за развој на активниот туризам во Пелагонија, каде што на едно место се сретнаа, забавуваа и разменија искуство повеќе спортски и авантуристички заедници меѓу кои беа качувачката, велосипедската, планинско трчање, параглајдинг и планинарската заедница.

Интересно исполнета програма на настанот ја држеше денската возбуда на високо ниво, додека вечерта организаторот приреди „фиеста“ со бенд и жива музика каде што забавата збесна и кулминираше во добро дружење со друштвени лудории.

Вториот ден, Неделата, по опуштеното утро повторно продолжи со спортски интензитет каде што сите заинтересирани ентузијасти имаа можност да искусат пробно качување на карпи, чиј фасилитатор беше спортско качувачкиот клуб ЕКСТРЕМ –Скопје.

Шана –Мана под Галичица, чие првенче се случи годинава, веруваме и се надеваме дека ќе прерасне во една интересна outdoor традиција !

До следниот пат!