REEL ROCK 10 -Објавен дел од локалната програма !

REEL ROCK 10 -Објавен дел од локалната програма !

Ги имаме и првите најави за настаните од овогодишната локална REEL ROCK 10 програма! Се работи за најголемите достигнувања или возбудливи проекти на локалната качувачка или планинска сцена кој се достојни да бидат претставени во контекст на REEL ROCK премиерата. Ќе најавиме дел од нив, а останатите ќе ги дознаете во претстојниот период!


Чест и задоволство ни е да го претставиме Александар Кленов и неговиот проект “Rock for everybody” и аутдор фестивалот ROCK CLIMBING INTERNATIONAL FESTIVAL, кој тој го организира во Демир Капија, а ќе погледнеме и премиера на возбудливо видео изработено по повод овие настани направено ексклузивно за REEL ROCK 10!

Оваа година за прв пат ќе имаме и аутдор активности! Ја најавуваме хајкинг трансверзалата Македон во должина 51,4 км. која започнува од село Ореше - с.Папрадиште -пл.дом.Чеплес -Солунска Глава -Бегово Поле - пл.дом Караџица - Преслап па се до Драчево во Скопје. Се работи за интензивна дводневна тура која треба да го помине целиот масив Мокра т.е. цела централна Македонија низ планината Јакупица. Поставена од планинарскиот клуб Македон 2013-та година, во рамките на REEL ROCK 10 ќе се повтори по втор пат кога ќе бидат обновени старите маркации. Настанот ќе се случи викендот непосредно пред премиерата на 17-18 Октомври


За ова издание на REEL ROCK ќе имаме и една практична и многу значајна активност поврзана со качувањето. Во соработка со Спортско качувачкиот клуб ВАРДАР и CLIMBINGSCHОOL.mk ќе изведеме ре-кличнење, дооклинчување или менување на сидришта на одредени (веќе култни) насоки чии клинови и сидришта се веќе дотраени и несигурни на најпознатиот качувачки локалитет Матка. Оваа активност ќе биде отворена за публиката и може да присуствуваат качувачи кој веднаш по активноста можат да ги пробаат насоките.



Датумот за јубилејно десетто издание на највозбудливата качувачка филмска турнеја и премиерата на овогодишното скопско REEL ROCК издание е 21 октомври во киното Фросина. Ова е втора година на претставување на традиционалната REEL ROCК филмска турнејата, со светски најдобрите и најгледани алпинистички филмови во Скопје, овој пат со уште побогата програма и уште пет документарни филмови за највозбудливите случувања и достигнувања во глобалниот качувачки свет. Листата на достигнувањата кои ќе бидат прикажани на десеттото издание на REEL ROCК во документарен формат можете да ги проследите овде.

 


Минатата година за прв пат македонската публика имаше можност да го проследи деветтото продолжение на REEL ROCК, кое го донесе долго очекуваниот и наградуван документарен филм ‘Valley Uprising’ на американските филмаџии Питер Мортимер и Ник Росен. Оваа година со REEL ROCK 10, Скопје ќе добие уште една доза од најголемите аутдор и качувачки достигнувања, од најзначајните и најискусните качувачи како што се Дин Потер, Томи Колдвел, Алекс Хонолд или Кевин Јоргесон.