PETZL RocTrip 2014 -Стрип илустрација

PETZL RocTrip 2014 -Стрип илустрација
Petzl RocTrip 2014 On The Road -дел од авантурата претставена преку стрип илустрација. 

Пред само неколку месеци се одржа Petzl RocTrip 2014 On The Road, на која што караванот од качувачи и авантуристи од целиот свет, како и качувачи од Македонија, патуваше низ источна Европа, кампувајќи по неколку дена на внимателно одбраните качувачки локации, каде што секоја од нив понуди различна авантура и уникатно незаборавно искуство. Имено една од учесничките, Мари Плас (Marie Plasse) своето искуство за време на оваа качувачка турнеја го изразува преку интересена и креативна стрип илустрација, претставувајќи ги највпечатливите моменти од нејзин аспект. Стрипот е испратен на организаторот Petzl, на чиј сајт е и целосната сторија. 

Погледнете го стрипот на следниот линк:

PETZL Roc Trip 2014 On The Road: RELIVE THE ADVENTURE VIA COMIC STRIP

Уживајте !