ПРОБНО КАЧУВАЊЕ -ТУРИ

Нашата програма за качувачки тури е наменета за сите заинтересирани кои сакаат да испробаат спортското качување како совршена можност за авантура или тим билдинг со пријателите водени од професионален качувач инструктор и водич.

ОПИС

Школата за спортско качување во својот програм нуди можност за еднодневни или повеќедневни качувачки тури на природна или вештачка карпа. Воведно качување на природна карпа подразбира целодневно качување водени од Спортски качувач –Инструктор во претходно обезбедени и проверени локалитети. Качувањето е на погодно ниво за абсолутни почетници кои првпат се среќаваат со искачување карпи. Турата ја води професионален инструктор со полно работно време во областа на спортот и има значајно искуство на водење организирани качувачки тури на локалитети и карпи во природа.

НАМЕНА НА ПРОГРАМАТА

Оваа програма е наменета за аванутристи и ентузијасти кои сакаат на најбрз но и воедно и најбезбеден можен начин да се соочат со предизвикот на искачување на карпи, притоа водени, обезбедувани и надгледувани од качувач инструктор и водич.

ПРОГРАМАТА НУДИ

  • Качување со инструктор -водич во уредени качувачки локалитети во природа
  • Качување на насоки со соодветна тежина според можностите на интересентите
  • Качување на вештачка карпа водени од спортски качувач -инстурктор

ПОТРЕБНО

Пополнета пристапница за еднодневно спортско качување со инструктор/водич
Основна физичка кондиција и атлетска спремност (физички активни лица)

ОБЕЗБЕДЕНА ОПРЕМА

  • Јажиња
  • Појаси
  • Качувачки шлем
  • Карабинери
  • Алатки за осигурување
  • Торбички за магнезиум

ПОТРЕБНА ОПРЕМА, РЕКВИЗИТИ И АКСЕСОАРИ

  • Патики за качување (доколку имате! –доколку немате, ние ќе ви обезбеди водичот)
  • Лесна спортска облека (онаа која овозможува лесни телесни движења)
  • Соодветни чевли за движење во природа
  • Мал ранец (доволен да спакува ветровка, ужина, вода)
  • Наочари за сонце

ЛИЧНИ ЗАЛИХИ

  • Најмалку 1L вода во пластично шише
  • Енергетски плочки, ужина, сендвич
Бројност на група 36 лица
Цена

1800 мкд

*во цената се вклучени патните трошоци!