Викендов кој ни претстои, 12 и 13 Септември ќе се одржи Шана –Мана Под Галичица, ќе се одржи дводневен outdoor фестивал и собир на авантуристи од цела Македонија. Имено, настанот дел од кампањата за промоција на активниот туризам во пелагонискиот регион –Discover Pelagonija, при што ќе бидат застапени неколку атрактивни спортови во природа. Покрај спортското качување, ќе има и параглајдинг летање, планинско трчање, планинарење и велосипедизам.

Домаќини на настанот се планинарскиот и велосипедски клуб „Преспа Бајк“ -Преспа и НП Галичица.
Спортското качување е во покровителство на СКК Екстрем –Скопје, при што сите заинтересирани ентузијасти за качување ќе можат промотивно да го искусат спортското качување на природна карпа, при што им е обезбедена опрема и инструктор кој ќе ги води.
Качувачките работилници ќе се одржуваат во Недела, додела во Саботата 12 сеп, ќе биде отворено за самостојно качување и ќе има качувачко дружење и забави.

Сабота вечер од страна на организаторите е најавена забава со бенд музика и DJ.

Сместувањето е во шатори, под отворено, кај плажата во Стење, а храна од ранец. Вториот ден, во неделата е обезбеден ручек од стана на организаторот. Оние кои не преферираат шатор и ѕвездено небо, може да си обезбедат сместување во локални апартмани.
За сите дополнителни информации можете да ја прелистате страницата на настанот на Facebook.


Пакувајте опремата и ајде, интересна програма на активности во природа овој викенд да го искористиме крајот на летото до крај и да удриме едно здраво качување преспанско качување и журкање !