МСКФ Семинар на Инструктори 2015 -Маврово

МСКФ Семинар на Инструктори 2015 -Маврово

Изминатиот викенд во Маврово, 11 и 12 Јули 2015, се одржа годишен Семинар на Инструктори за спортско качување. На семинарот кој го организираше Комисијата за Инструктори при Македонската Спортско Качувачка Федерација, присутни беа сите инструктори од спортско качувачките клубови во Македонија. Семинарот се одржува секоја година каде што се утврдуваат и унифицираат техниките и системите кои се опфатени и се обучуваат при курсевите за спортско качување, како и работа и тренинг со деца, разгледување и анализирање на последните новитети и техники за безбедност и утврдување и разгледување на програмите на курсевите за качување.

 

Семинарот се одржа во локалитетот во Маврово, каде што беше делот качување и утврдување на практичните работи, а вечерта инструкторите Маја Петровска и Христо Белакапоски имаа свои презентации, Маја презентираше за болдер безбедност, техника на падови и спортска исхрана додека Белакапоски презентираше техники за работа и пристап за работа со деца. Семинарот помина одлично и се гледаме во 2016 повторно, со надеж за нови пријавени кандидати за идни Спортски Качувачи –Инструктори.

 

 

 

 

 

 

Спортски поздрав