9-10 и 14-16 МАЈ 2015 -Македонија на Европски натпревари

9-10 и 14-16 МАЈ 2015 -Македонија на Европски натпревари
Во Четвртокот вечерта, Македонската спортско качувачка федерација замина на турнеја по Европските натпревари дел од календарот на

IFSC.

. На 9  и 10 Мај 2015 година во  Дорнбирн, Австрија  на Европскиот младински куп 2015, Македонија ќе биде претставувана од најмладиот и надежен репрезентативец во спортско качување Виктор Трповски. Тој ќе настапи во дисциплината водство, и очекуваме одлични резултати и покрај силната конкурнција. 

Неколку дена подоцна, на 14 и 16 Мај, 2015 година, на Европскиот болдер шампионат 2015 кој ќе се одржи во Инсбрук, Австрија, Македонија ќе биде претставена од челичниот Марио Минчевски и македонската супер девојка Маја Петровска, кои после неколку месечните напрони подготовки, ќе стартуваат под рефлекторите на овој престижен Европски шампионат !

Им посакуваме среќа на Македонските претставници, се надеваме на успех и ги бодриме со цело срце !

Среќно