СПОРТСКО КАЧУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Кон 70 тите години, спортското качување истовремено се популаризира и во Европа, и качувачката треска молскавично се шири и низ сите земји на стариот континент. Почнуваат да се кличнат (експанзиони и лепени клинови) природни карпи, се отвораат цели локалитети, се отвораат првите асоцијации и спортот станува формален дел од семејството UIAA. Во 1986 година во Сплит, на локалитетот Мајран се одржува првиот натпревар во спортско качување. Натпреварот е одржан на природна карпа, и на него учествуваат и претставници од Македонија, Владимир, Славко, Лазо, Бранко, Влатче кои и воедно се „татковците“ на македонското спортско качување.
Продолжувајќи ја визијата за спортско качување, тие во 90тите години за првпат ги прават првите слободни искачувања на насоките Панчев и Франгов, алпинистички насоки во локалитетот Матка кои се со тежина поголема од VI+, што во тоа време претставува отворање на нови видици во качувањето во Македонија. Набргу потоа сите алпинистички насоки на Матка се искачени слободно, што претставува доаѓање на нова ера во качувањето во Македонија.
Не поминува многу време, кога Владимир Трповски и Лазо Лазарев ја отвораат првата спортско качувачка насока во Македонија, со тежина 7а и ја именуваат Џамбо Џет. Веднаш потоа е направена насоката Централа Екстрем исто така со тежина 7а и по неколлку месеци тренинг, напорна работа и совладување на техника, тие го прават првото искачување (fa-first ascent) на истоимените насоки, што во тоа време се најтешки искачени насоки во Македонија, а и едни од потешките ошто во спортското качување.
Потоа се појавува и втората генерација спортски качувачи меѓу кои се и Зоран Пејковски –Пуци, Светозар Антовиќ, Дејан Петровски, Александар Чорбески. Генерација која заедно со доајените, имаат остварено огромен придонес за спортското качување во Македонија. Зоран Пејковски и Владимир Трповски искачуваат 7с+ во Варасова, Грција што воедно е и искачување со најголема тежина од македонски качувачи.Првата искачување на 8а насока, искачена од Македонец му припаѓа на Васко а.к.а Фуки, во Арко, Италија, при што буквално веднаш после него, истата насока успешно ја искачува и Илија Ристовски. Иако малечок во тоа време, со неполни 14 години, но со големи успеси ја започнува својата блескава кариера, Ване Наунов, искачува 8а насока во Гејикбејри, Анталија.Кире Серафимовски, уште едно гласно име со успешна качувачка кариера во Македонското качување, ја искачува првата 8а насока, качена на Македонско тло. Тоа е насоката Калабастер во Демир Капија. Ива Апостолска која воедно е и првата македонска натпреварувачка во спортско качување, е првата Македонска која уште во минатата декада, која како претставник на понежниот пол, успева да освои голем број успеси во македонското спортско качување. Важен дел од македонската качувачка историја е да се напомене дека македонските пионери во спортско качување, градејќи го качувачкиот спорт во Македонија во тоа време посетуваат голем број натпревари, понесени од желбата и страста за овој спорт и покрај големите технички и финансиски предизвици со кои се соочуваат (дефицит на соодветна опрема, недостиг на парични средства, недостиг на соодветни услови за тренинг) тие се редовни на повеќе натпревари од висок профил во Европа, како што е светското првенство во Бирмингем, Англија, како и бројни првенства во Шамони, Франција. Спортското качување оттогаш до денес бележи континуиран развој во Македонија. Се отвораат нови насоки, вежбални, школи, се раѓаат нови генерации качувачи, кои ја продожуваат визијата и се дел од иднината на спортот, учествуваат по странски натпревари, во Италија, Франција, Германија, при што качувачката заедница бележи константен развој.