МАТКА -Скопје

Насоки за спортско качување    35+
Тежини   5a8а+ 
Должина јаже:    60m
Карабинери    10-15
Должина на насоки    2535m
Сезона    Пролет, есен, зима
S-SE   Одрони во рана пролет. Појава на змии.

КРАТКА ИСТОРИЈА

Во 1991 година В.Трповски и Л.Лазаров ги отвораат првите спортско качувачки насоки во овој локалитет. Во 1992 година, В.Трповски го организира првиот спортско качувачки натпревар на природна карпа, кој се одржува на насоките „Спелеолошка“, „Македонија куп“ и „А1 Дино“. Се отвора и првата насока со тежина 7а, Џамбо Џет, и во тоа време е најтешка насока на Матка но и во Македонија, па наскоро потоа се отвора и Централа Екстрем, со истата тежина, 7а, во сектор Централа. Со тек на време за отворање нови насоки се обучуваат и други качувачи, при што се отвораат многу повеќе спортски насоки. Дел од имињата чии придонес беше тој кој придонесе Матка да прерасне во култен локалитет за качување се : Зоран Пејковски(Пуци), Дејан Петровски (Декла), Светозар Антовиќ (Свето), Илија Ристовски, Миха Голоб и Владимир Трповски (Владо).

ОПИС

Структурата на карпата е сив варовник, но на места конгломератен варовник, со релативна компактност. Карактеристични насоки за Матка се плочи со уникатни лушпести фаќалишта, џебови и дилфер фаќалишта. Насоките се обезбедени со експанзивни и лепени клинови.

ЛОКАЦИЈА

Лоцирана на 15km одалеченост од Скопје во правец кон Тетово. Патот води низ с. Сарај, С. Глумово и с.Матка. Приодот до насоките е преку две различни планинарски патеки, каде што се стига по 15-35 min. лесен хајкинг.