Кадина пештера -Зелениково

Насоки за спортско качување    20
Тежини   6a8b+ 
Должина јаже:    60m
Карабинери    10-15
Должина на насоки    2535m
Сезона    Пролет, есен, зима
S-SW

КРАТКА ИСТОРИЈА

Овој локакитет е откриен неодамна, и нуди можност исклучиво за спортско качување. Во него лежи огромен потенцијал за отворање нови спортски насоки со тежини се до 9а. Во 2013 година за него дознаваат Димитар Попов и Владимир Трповски собираат екипа и веднаш почнуваат со активности за отворање на насоки. Најголем број од постоечките насоки се отворени од Д.Попов и В. Трповски.

ОПИС

Варовничка карпа со сталактитна структура од одличен квалитет. Карактеристични насоки на Кадина се плочи, вертикали, превиси и плафони, кои се одликуваат со кримпови, слопери, дилфери, колонети, штипки. Стилот на качување кој го нуди Кадина пештера е тоа што во моментов е актуелно и тоа што се бара од качувачката заедница ширум светот. 

ЛОКАЦИЈА

Кадина пештера е лоцирана југо-источно од Скопје, на одалеченост од 35km, и до неа води локален пат кој минува крај селатата Драчево, Орешани, Зелениково, Страхојадец и Гумалево. Возилото се остава на ширината на самиот излез од с.Г умалево и се продожува 20 тина минути пеш по хајкинг патека. Патеката по целата нејзина должина е бележана со планинарска маркација.