Далечните зачетоци на спортското качување еволуираат од алпинизмот односно од алпскиот стил на искачување врвови и стрмни карпести терени, каде што за одредени деликатни карпести секвенци при некои од посакуваните насоки за искачување, алпинистите вежбале на помали парчиња карпа, качуваји ги слободно, исклучиво со помош на раце и нозе, при што ги зајакнувале како прстите така и целокупната мускулатура на телото.

Иако слободното совладување на вертикални карпи претставува значајна компонента на искачувањата во Алпскиот регион за време на Викторијанската ера (средина на 18 век), генерално е прифатено дека искачувањето на вертикални карпи како спорт започнува од последната четвртина на 19ти век, притоа во најмалку четири области, за кои постојат точни податоци и тоа: Песочничките карпи во Елба -планинска област во Саксонија, на граница помеѓу Чешка и Источна Германија (во близина на Дрезден), Нацоналниот парк „Lake District“ –Северозападна Англија и Доломитите во Италија. Всушност спортот на качување на вертикални карпи еволуира од алпинистичка неопходност во засебен атлетски спорт. Неблагодарно би било доколку посебно се истакне некое од овие места како родно место на качувачкиот спорт во однос на останатите.

Во текот на созревањето на качувачкиот спорт, произлегуваат низа системи и тежински скали за оценување на тежината на искачувањата, со цел попрецизно да се одреди тежината за слободно совладување на насоките за качување. Низ времето техниката на качување како и качувачката опрема која ја користат качувачите се разивива во засебна мода и стил, која наскоро прераснува во засебна култура и светска заедница.


Подоцна кон крајот на 60тите години во Јосемитската долина, се појавуваат првите пионери кои почнуваат да мечтаат во огромните карпести ѕидови еден поинаков предизвик. Користејќи се со постоечката опрема и техники најнапред наменети за алпинизам (алпски стил на качување) локалните пионери во Јосемитската се впуштаат во нова и екстремна авантура –освојување на 300-600m високите гранитни карпи на El Capitan, Half Dome и останатите ѕидови кои се издигнуваат високо низ Јосемитската долина. Совладувајќи линија по линија, користејки се со еден куп „железо“, почнуваат да се поместуваат границите на спортот, проследено со натпреварувачкиот дух меѓу овие пионери, при што се користи се помалу и помалку опрема за напредување низ линиите кои се издигнуваат небесно високо на гранитните ѕидови, се повеќе и повеќе маќепсани од предизвикот на спортот на слободно качување, користејќи се искчлучиво со своите атлетски способности, односно со раце и нозе, од што своевремено произлегува и слободното качување free climbing, во раните почетоци истотака нарекувано the sport of free climbing.


Со времето, генерациите е менуваат, старите бледеат а новите само што почнуваат да блескаат, и со брзина на молња се шири гласот за новиот предизвик -free climbing. Младите авантуристи кои како гладни волци, спремни и жедни за нови преизвици почнаа континуирано да ги поместуваат границите и стандардите во слободното качување. Тука се појавија и култните генерации и групи како што се masters of stone; stone monkeys кои не им требаше долго да ги фрлат во сенка дотогашните рекорди и подвизи, што никако не останаа незбаоравени, и покрај тоа што новајчлиите го на големого привлекоа фокусот на качувачката јавност, качувачките магазини и производителите на опрема.


Слободното качување како спорт и култура многу набрзу се рашири насекаде –качување на карпести ѕидови користејќи ги прстите на рацете и врвовите на прстите на нозете, движејки се со високо прецизни и технички движења, ласерски остар фокус неколку стотици метри над земја, додека обезбедени единствено со јаже и клинови да спречат смртоносен пад, набргу преминува во култен спорт, кој на големо се популаризира и комерцијализира во Јосемитската долина.