IFSC Светско Младинско Првенство -Финале во Болдер -Резултати -Арко, Италија 2015

IFSC Светско Младинско Првенство -Финале во Болдер -Резултати -Арко, Италија 2015

Денеска, 31 Август, во Арко, Италија се одржа финалниот болдер натпревар, дел од IFSC Светското младинско првенство 2015. Нашата добро позната сосетка, Сташа Гејо триумфираше над жените, завршувајќи како прва на во финалето, решавајќи 2 болдер проблема и постигнувајќи 3 бонус зони.

 



Ова е најголем триумф досега за Сташа, која водеше блиска битка со Јапонката Михо Монака. Честитки за Сташа и и посакуваме многу успех. Засега, 2015 година е одлична година за оваа талетнирана и огнено мотивирана качувачка, која што истотаа триумфираше на IFSC болдер првенството во Аржентиер, Франција во Јули 2015 година.


Кај мажите во јуниорска конкуренција триумфираше Италијанецот Филип Шченк, кој го обезбеди своето злато од Арко, решавајќи 3 болдер проблеми, и постигнувајќи 3 бонус зони.

Погледнете ја снимката од целиот натпревар: