IFSC Светско Младинско Првенство и ROCK MASTER FESTIVAL 28 Август-6 Септември 2015 во Арко, Италија

IFSC Светско Младинско Првенство и ROCK MASTER FESTIVAL 28 Август-6 Септември 2015 во Арко, Италија

Со почеток на 28 Август и со траење до 6 септември 2015 Арко Рок Мастер ‘Arco Rock Master Festival 2015’ ја продолжува својата долга традиција, оваа година прославувајќи го своето 29-то издание, како и 10-тото по ред издание на Arco Rock Legends Awards. Оваа година за промена, ова мало Италијанско гратче истовремено ќе биде домаќин на IFSC Светските Младински Првенства, кои ќе се одржат во дисциплините Водство, Брзинско и Болдер.

/>


2015 година е исклучително важна година за Арко. По огромниот успех и големата популарност на Rock Master Festival кој за првпат започнува во далечната 1987 и прераснува во најважниот качувачки натпревар во светот, и по несекојдневното искуство од Светското Првенство 2011 година, оваа година на Арко ќе му легне една фина тројка која не смее да се пропушти: Rock Master, Arco Rock Legends Award и IFSC World Youth Championship.

/>

Помеѓу 28 август и 6 септември малиот Арко и околниот регион Трентино, ќе биде под инвазија на стотици млади качувачки спортисти од целиот свет, со вкупно 1162 пријавени натпреварувачи од вкупно 51 земја во светот –каде за првпат во историјата на овој натпревар, покрај традиционалните дисциплини во Водство и Брзинско ќе биде вклучена и дисциплината Болдер, што е јасен показател на тоа колку оваа најмлада дисциплина во спортското качување зазема подем во изминатите неколку години.

/>

IFSC World Youth Championships натпреварите се од огромно значење за Арко, кој со години е домаќин на Rock Masters Festival, како и домаќин на Европски Младински Шампионат во Болдер, изминатата година.

/>

Сите напори и сиот фокус во моментов е насочен кон овие новитет во Арко, IFSC Светскиот младински шампионат, притоа паралелно продолжувајќи ја Rock Master Festival традицијата.

/>

На овој IFSC World Youth Championship -Arco 2015 боите на Македонија ќе ги брани нашиот репрезентативец Виктор Трповски во дисциплините Болдер и Водство.
Имено Арко, како град кој е воедно и лулка на спортското качување е прогласен за првата качувачка република во светот.