IFSC Светски Куп Болдер -Минхен 2015

IFSC Светски Куп Болдер -Минхен 2015

Викендов кој измина, 14ти и 15ти Август 2015, во Минхен, на градскиот Олимписки стадион владееше навистина добро наелектризирана и енергична качувачка атмосфера, каде се одржа последниот IFSC болдер натпревар за оваа сезона, воедно и најпопуларен од целата серија на IFSC болдер натпревари, IFSC Boulder Worldcup –Munich 2015.

На натпреварот, помеѓу жените убедливо триумфираше Британката Шона Кокси, која навистина блескаше на овој натпревар, успешно искачувајќи на поглед –flash, 4 од вкупно 4 болдер проблеми во финалето. Шона успешно ги реши сите 4 болдер проблеми без поголеми напори, со таква леснотија при што целосно го „украде“ шоуто пред распламтената публика на овој последен болдер натпревар натпревар за оваа сезона. Овој триумф воедно и ја круниса британската качувачка, која за првпат доминираше на победничкиот пиедестал оваа година. Среброто на овој престижен натпревар и припадна на Фани Жибер (Fanny Gibert) од Франција, додека со бронзеното место се закити Меган Маскаринас (Megan Mascarenas) од САД.

 

Кај мажите, натпреварот мина со многу изненадувања и пресврти. Светскиот фаворит и качувачка легенда Адам Ондра (Чешка) не успеа да обезбеди пласман ниту за влез во финалниот круг, додека домашниот фаворит од кој се очекуваше доста повеќе, Јан Хоер (Германија) успеа да се пласира скромно, на 5-то место. Болдер проблемите наменети за машка конкуренција се покажаа особено тешки, при што русинот Алексеј Рубцов беше единствениот качувач кој постигна два top –a, односно решавајќи два болдер проблеми, при што го обезбеди својот пласман на златното место на пиедесталот. Второто место го завзема Чехот Мартин Страник освојувајќи сребро, додека Џонвонг Чон (Кореа) се задоволи со третото место заминувајќи со брозна од Munich 2015.

Нашата сосетка од Србија, генијална качувачка со многу перспективна кариера Сташа Гејо, во полуфиналниот натпревар успеа да го зграби 2-рото место, додека таа заврши 5-та во финалето. Имено Сташа во Јули 2015 дебитираше на IFSC Европското болдер првенство (youth) во Аржентиер (L'argentiere) Франција, застанувајќи горо на 1 –во место на пиедесталот. Исто така Сташа го извојува 1-вото место во генерален пласман во Европскиот младински болдер куп 2015. Двојно злато за оваа супер перспективна и челична качувачка ! Браво Сташа !

Навистина спектакуларен натпревар кој уште еднаш ја потврди својата популарност и непредвидливост.

ПОБЕДНИЧКИ ПИЕДЕСТАЛ -ЖЕНИ   -ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ

 
ПОБЕДНИЧКИ ПИЕДЕСТАЛ -МАЖИ  -ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ


 ПОЛУФИНАЛЕ 14 АВГУСТ 2015 -ЦЕЛОСНА СНИМКА


ФИНАЛЕ 15 АВГУСТ 2015 -ЦЕЛОСНА СНИМКА