Бројни мапи, интересни и креативни брошури можат да ви помогнат да ги разгледате Јосемитските џиновски карпести ѕидови, но било која од сите досега постоечки е неможно да и парира на новата мапа на Google Street Maps со која што можете виртуелно да го проживеете ова вертикално искуство, движејќи се со помош на маусот на насоката „Носот“ (The Nose) на Ел Капитен (El Capitan) во Националниот Парк Јосемити. Имено, Google Street View тимот заедно со најдобрите Јосемитски качувачки воедно и легенди, успеа да го искачи „Носот“ на „Ел Кап“, правејќи детален фото запис за нивната апликација Google Street View. Храбрата екипа на Google аправи пресврт во досегашниот вообичаен метод на маркирање на маркирање на локалитети од интерес на авантуристичките спортови.

Како мало потсетување, неодамнешниот потфат на Томи Колдвел и Кевин Јоргенсон, двајцата Јосемитски big-wall виртуози, искачувањето на проект –насоката The Dawn Wall (прев.Ѕидот на раната зора) на големо го привлече вниманието на гигантот Google, почнувајќи да размислува со свежи и креативни идеи за подигување на својот Street View модул на едно сосема ново ниво.

GOOGLE STREET VIEW -ЕЛ КАПИТЕН