Го одржавме 'I Ice Climbing &Drytooling' Качувачки Собир -Маврово 2016

Го одржавме 'I Ice Climbing &Drytooling' Качувачки Собир -Маврово 2016

На 20 Февруари 2016 година, во Мавровско –Реканскиот крај се одржа Првиот ‘Ice Climbing &Drytooling’ качувачки собир, за првпат во регионот. И покрај дождот кој безмилосно лееше, врвеше одличен качувачки собир проследен со Drytooling качување, планински оган, музика, традиционален локален суџук каде што уживавме и презентација на опрема од програмата на PETZL, опрема за качување на суви карпи и мраз.

Во текот на денот се појавија неколку сончеви ‘прозорци’ каде што накиснатата природа и фокусот на овој возбудлив вид на качување ни пружија незаборавно мистично и прекрасно планинско искуство. Впрочем настанот си врвеше, а дождот беше ставен на ‘настрана. Drytooling како спорт, е спорт кој практично може да се применува и во услови на дожд или снег, каде што поради користењето на супер лесни алуминиумски алати за мраз, качувањето сепак може да се практикува. Веселбата, дружбата и качувачкиот дух беа на највисоко ниво, изненадувачки, но дождот допринесе духот на настанот да биде навистина уникатно искуство

Настанот беше во организација на Спортско Качувачкиот Клуб “Скк Вардар” –Скопје и Национален Парк Маврово, како дел од веќе долгогодишната качувачка соработка помеѓу СКК Вардар –Скопје и НП Маврово. На настанот присуствуваа 35 луѓе, качувачи и не -качувачи кои секој на различен начин го искуси ова незаборавно, епско и допрва традиционално, качувачко Мавровско –Реканско искуство.

Првиот Drytooling Качувачки Собир го помогна WÜRTH –Македонија и Вертикал Спорт –Македонија, како и секоја година, како и на секој настан организиран од СКК ВАРДАР –безрезервната поддршка нашите два најлојални партнери беше од огромно и клучно значење да се организира овој настан како и останатите настани во Маврово изминатите години.

Погледнете повеќе фотографии подолу во рото албумот.