Како што изминува врелиот месец Јули, преживувајќи низ летните горештини, се наближува настанот кој го очекувавме цела пролет, CLIMBING EPIC CHALLENGE MAVROVO 2015 кој се одржува за првпат во Маврово .Организацијата на настанот ја реализира спортско качувачкиот клуб СКК ВАРДАР под покровителство на НП МАВРОВО со визија и стрмеж овој настан да се одржува секоја година, исклучиво во Маврово и регионот. Настанот е од отворен карактер, каде што сите качувачи, некачувачи, планинари, алпинисти, авантуристи и ентузијасти се добредојдени, при што покрај компетитивниот дел, се одвива и качувачка работилница, водена од ClimbingSchool.mk наменета за рекреативните качувачи и почетници, каде што се добредојдени сите заинтерсириани почетници, без оглед на качувачко искуство. Тоа е идеална прилика за секој кој размислувал и има желба да почне да се бави со спортско качување, да го искуси качувањето на природна карпа и да ја почуствува возбудата и адреналинот кој го нуди спортското качување. На настанот покрај Макеоднските качувачи, своето присуство го најавија и качувачи од Словенија, Бугарија, Србија, Грција и Албанија. Покрај качувањето и добро време поминато на качување, планирано е да се одржат и неколку качувачки презентации од страна на учесници на настанот, филмски проекции, видео проекции, ‘beer duel’ двобој во пиење пиво, Balkan beat &etno electrо журки, јога сесии, утринско капење во езеро.
СКК ВАРДАР –Неколку збора од оранизаротот
Неколку години наназад, кога подетално го разгледавме потенцијалот кој го нуди долината на Радика во регионот Маврово и Ростуша, бевме веднаш загреани, импулсивни и на големо размислуваме за отворање на првите насоки во овој крај. Иако на почетокот, планирањето одеше брзо а логистиката и реализацијата бавно, по кратко време ги отворивме првите насоки во Маврово. Најпрвите насоки, 12 возбудливи линии за спортско качување со различни тежини ги отворивме во две болтинг акции во 2013 година, во Јуни и Август, а 2014 година, реализиравме bolting недела за отворање на нови насоки, каде што на помош дојдоа нашите пријатели од Словенија, Јожи, Зорко, Бојан, Рок, Само и Весна. Имавме навистина епско и прекрасно лето, исполнето со многу качување, смеење, дружење и забава за која неретко споменувавме ‘Радна акција’ Југославија хаха.. Прекрасно.. Беше навистина епско лето... Одлично организиран настан, кој остана во летните спомени и со доаѓањето на зимата, почнав да размислувам за овогодинешниот настан... Помина и второто качувачко лето во Маврово. Дојде време да создадеме еден поинаков качувачки настан кој ќе нуди добро качување, забава, презентации, журки во речиси 4 дена.
Идеата за Mavrovo Climbing Epic Challenge 2015 ја добив размислувајки за еден летен и опуштен настан, кој ќе има краток и едноставен натпреварувачки дел, но предизвикот ќе биде доволно голем залак за сите искусни качувачи.. Покрај Македонската качувачка заедница се стремиме да бидеме домаќини на едно случување каде што ги поканивме и качувачките заедници од Балканските земји, од кои Словенија, Бугарија, Србија и Албанија го најавија своето учество, што ни причинува огромно задоволство и со нетрпение очекуваме да започне приказната
Истотака една од главните цели на настанот е популаризација на спортското качување, така што преку нашата Школа за Спортско Качување (climbingschool.mk) настанот ќе биде одлична можност за сите почетници и ентузијати кои навистина би сакале да го искусат спортското качување на природни карпи, слободно да се пријават на ОТВОРЕНА Качувачка Работилница која ќе биде промотивна овозможувајчи им на сите почетници за време на настанот, да качуваат активно, и да ја почувствуваат возбудата, при што за сите ќе биде обезбедена опрема и инструктор на лице место.
Настрана од качувањето, во програмата се предвидени бројни non-formal презентации во опуштена атмосфера, шумско кино и филмски проекции, качувачка журка со балканска електро музика (Balkan beat), добро мезе, Неделни POWER YOGA сесии како и утринско планинско капење во Мавровско Езеро. Сместувањето е во одморалиште ЕЛЕМ. Настанот нема надомест за котизација, трошокот за храна и смесување е по желба на учесниците, при што се обебедени одредени попусти и поволности за учесниците на настанот. Веруваме и се стремиме овој настан од година на година да станува се помасовен притоа со се поквалитетна качувачка и забавна програма, стремејки се да прерасне во култен планински качувачки летен настан.
ПОКАНЕТИ СЕ СИТЕ !
Спортски Поздрав
ДПопов
СКК ВАРДАР
Организарор на CLIMBING EPIC CHALLENGE MAVROVO 2015
Локалитетот и спортското качување во овој крај постои од 2013 година, и секоја година се отвораат нови насоки, што се надеваме дека наскоро Маврово ќе може да се пофали и со нови качувачки сектори. Главниот атрибут на качувањето во Маврово е летниот период, поради драстичната разлика во температурите, но одлични временски услови и можност за качување нуди од Април до Ноември.
Овој настан а е спонзориран од WURTH и ВЕРТИКАЛ СПОРТ –СКОПЈЕ кои несебично допринесоа со бормашини, клинови, материјали и останатата опрема за отворање на нови насоки. Оваа година новот е дека партнери на настанот се Гостилница ДВА СОКОЛА –Маврово, VITALIA, ГОРСКА ВОДА и AlgaSan.
ПРОГРАМА НА НАСТАНОТ
ПЕТОК 31 ЈУЛИ 2015
10.00ч -22.00ч –Пристигнување на сите качувачи, сместување и логистика, слободно качување по желба, информирање и запознавање со останатите детали околу настанот
САБОТА 1 АВГУСТ 2015
10.00ч -18.00ч
-Качувачки натпревар CLIMBING EPIC CHALLENGE 2015
10.00 -16.00ч
-КАЧУВАЧКА РАБОТИЛНИЦА
-ОТВОРЕНО КАЧУВАЊЕ НИЗ ЦЕЛИОТ ЛОКАЛИТЕТ
18.00ч -20.30ч
-Заминување кон Маврови Анови, релакс, туш, вечера, опуштање или уште качување
20.30ч - >01.00ч
ШУМСКИ КАЧУВАЧКИ ВЕЧЕРИ НА ПРЕЗЕНТАЦИИТЕ, ПРОЕКЦИИТЕ И ЗАБАВАТА
-прогласување на победникот на CLIMBING EPIC CHALLENGE –MAVROVO2015
-проекција на Јелена Јаковљевиќ –врвен спортски качувач и алпинист од Србија
-Проекција на мак.документарен филм „КОН ВРВОТ“
-Презентација на кратки аматерски качувачки видеа (отворено за секој со видео презентација)
-КАЧУВАЧКА ЗАБАВА BALKAN BEAT &etno electrо
НЕДЕЛА 2 АВГУСТ 2015
09.00ч-13.00ч
-Утринско планинско езерско капење -Мавровски стил
-Неделна утринска Power Yoga со Маја Петровска и Ивица Јовановски
….или слободни планински активности
13.00ч -19.30ч
-ОТВОРЕНО КАЧУВАЊЕ НИЗ ЦЕЛИОТ ЛОКАЛИТЕТ
-КАЧУВАЧКА РАБОТИЛНИЦА за почетници
19.30ч -21.00ч
-Заминување кон Маврови Анови, релакс, туш, вечера, опуштање или уште качување
21.00ч –без ограничување
-ВИДЕО ПРЕЗЕНТАЦИИ и МУЗИЧКО ИЗНЕНАДУВАЊЕ
-качувачка забава, друштвени игри, мезе, дегустација на вино, пиво, ракија а за најупорните –ИЗОТОНИК ! J
ПОНЕДЕЛНИК 3 ЈУЛИ 2015
10.00ч -17.00ч
Опуштено качување, дружење и збогување и затворање на CLIMBING EPIC CHALLENGE –MAVROVO 2015
ВАЖНА НАПОМЕНА !
Секој кој качува, дејствува на сопствена одговорност и самиот во целост е свесен за последиците кои може да настанат при бавење со спортско качување на природна карпа.
Конзумирање на алкохолни пијалоци или психотропни суспранци за време на практичниот дел на настано и во околина и близна на карпие е сторго забрането. Сите прекршувања ќе резултираат со исклучување на прекшителот од настанот.
Задолжително НОСЕЊЕ НА КАЦИГА за време на престојот и при движењето во локалитетот.
Се движите и дејствувате на стрмен, ронлив и потенцијално ризичен терен. Внимавајте на себе си и на другите. Внимавајте вашите постапќи да не ја загрозуваат туѓата безбедност.
ОРГАНИЗАТОР: +389 71 555 185; СПАСИТЕЛ НА ДОЛЖНОСТ: Слободан Соколовски +389 75 303383; ИТНА ПОМОШ 194