Насоки за спортско качување |
|
65+ |
Тежини |
|
5a+ 8c |
Должина јаже: |
|
60m |
Карабинери |
|
10-14 |
Должина на насоки |
|
1035m |
Сезона |
|
Пролет, есен, зима |
КРАТКА ИСТОРИЈА
Во далечната 1995 година на секторот ВДД, скратено од Владимир/Дејан/Даниел, беа отворени првите насоки за спортско качување во Демир Капија, а секторот, и првата насока на овој сектор е истоимената насока, ВДД со тежина 7а+. Овој сектор се наоѓа на северната страна од тунелите, спротивно од страната на реката Вардар. Интересно е да се каже дека во тоа време овој спортско качувачки сектор прави Демир Капија да премине во сензација за спортско качување на Балканот, бидејќи дотогаш овој локалитет броеше исклучиво алпинистички насоки, кои се издигаа на високите карпести ѕидови на кањонот, од другата страна на веќе споменатите сектори. По секторот ВДД, доајените Владимир Трповски (Владо), Зоран Пејковски (Пуци), Светозар Антовиќ (Свето), Дејан Петровски (Декла), и Александар Брборовиќ (Брба) го отворија вториот спортско качувачки сектор Арена, сектор кој останува врежан во меморијата и на оние кои само го посетиле овој сектор и уживале во епската гледка. Арена и ден денес е најубавиот сектор во Демир Капија, воедно и едно од најепските места во регионот, со поглед кој нема да остави никого рамнодушен. Подоцна, во 1998 се отвора секторот Радар Петра (кој веќе денес не постои,бидејќи оттаму минува тунелот на автопатот Е75). Некаде во тој период Владимир Трповски ја отвори МИ-24, а Горан Кузмановски од СКК Вертикал –Битола ја отвори насоката Вертикал со тежина 6а+/6b, качувачки насоки со повеќе должини на јаже кои претставуваат престиж во тоа време.
Десетина години подоцна, во 2007 година, се отвори нов сектор, именуван Калабастер, веднаш под секторот Арена. Проектот за отворање на овој сектор е на тогашната Македонска Спортско Качувачка Асоцијација, која во тоа време дел од семејството на ФПСМ (Федерација на Планинрски Спортови). За овој проект, Владимир Трповски како претставник на МСКА, го поканува Александар Кленов како гостин и соработник на проектот, заеднички да се отвори сектор со повисоки оцени на спортско качување. Воедно во тој проект е отворена и најтешката насока во Македонија, Калабастер, оценета 8а чие првенствено искачување му припаѓа на Кире Серафимовски -СКК Но Лимитс –Струмица.
Наредната 2008 година, МСКА во соработка со UIAA младинска комисија за качување и Tony Lamiche Франција (звучно име во француското качување) организираат интернационален собир за отворање на нови насоки (international route setting meeting) се отвораат насоки со уште поголеми тежини од дотогашните во овој локалитет. Тогаш е отворена и насоката Ибу Калфа, со тежина поголема од 8c благодарение на Јован Јованов и Лазар Петковски од КК Астибо –Штип. Се роди и секторот Мала Арена.
Во 2010 година Владимир и Кире отворија уште еден сектор –Еротика. Уникатен и во свој стил, со поинаков шарм од останатите но и различен стил на качување. Иста година, повторно на гости со работни планови, МСКА го најмува Александар Кленов и заедно со Владимир и Кире тој помага да се отвори уште еден сектор, подоцна именуван Вардарска Сахара, повторно во целосна иницијатива и организација на МСКФ (веќе федерација). Понатаму Алекс Кленов и неговите клиенти кои се на обука за поставувачи на насоки отвораат уште нови насоки во новиот сектор Хамбургерберг.
ОПИС
Сив и црвен варовник, многу компактна и квалитетна карпа. Насокитете се во лепеза од превсини, плочести, плафоснки, туфа стил со колонети. Навистина добар локалитет и интересно и богато качување.
ЛОКАЦИЈА
Демир Капија е мало место со големо историско значење, одалечено на 100km од Скопје, или 1h и 15min. Возење по автопат се до паркингот помеѓу тунелите каде што се остава возилото. Насоките се веднаш до паркингот, така што речиси и нема пешачење, а до најодалечените насоки како Арена и Вардарска Сахара се стигнува по 10-20 минути приод.