Прочуениот Крис Шарма е абсолутна легенда во качувачкиот свет, поставувајки високи цели во спортското качување и искачување на супер-тешки насоки, континуирано поместувајќи ги границите на качувачкиот спорт. Сепак, Крис, како и голем број деца своите детски денови ги минувал многу често искачувајќи дрвја. Кога се појави можноста тој да замине дома, во своето родно место Санта Круз, Калифорнија, со цел да ги искачува џиновските Секвоја дрвјa (лат.
Sequoioideae) кој уште како дете бил маѓепсан од нив, тој ја прифаќа можноста со истиот тој ентузијазам кој го понесува искачувајќи ги најтешките карпести линии што светот ги познава.
„По моето долго живеење во Шпанија, и качувајќи на тамошните сталактитни карпи, се вратив дома и погледнав подобро во кората на фамозните Калифорниски Секвоја дрвја“ раскажува Крис за Red Bull. „ И тогаш всушност Секвојите ги погледав и замислив како големи сталактитни карпи. Се запрашав во себе 'Колку ли би било забавно ова?'
Колку би било забавно ова? Крис мораше да открие. Тој се обрати кај Др. Ентони Емброуз и Др. Венди Бекстер, двајца експерти за Секвоја дрвја од Универзитетот Беркли, Калифорнија, со цел да се распраша за овој проект и да ја понуди својата помош во истражувањата на Универзитетот за Сековоја дрвјата. Крис им ја понуди својата помош да соберат примероци од највисоките делови на дрвјата, со помош на качувачки системи и техники без да има негативни влијанија кон околината. Иако скептични, сепак Др.Ентони и Др. Венди решија да продолжат со реализирање на проектот.
Користејќи се исклуќиво со техниките со раце и со нозе за искачување, обезбеден со качувачко јаже и појас, Крис успеа да собере примероци кои ќе им претстават важни податоци за нивото на водата во Секвоја дрвјата во контекст на историската суша што го зафатила регионот во околина на Еурека, Калифорнија.
Кликнете тука за целата сторија.