Второто издание на Boulder Moulder vol.2 натпреварот се одржа изминатата Сабота во Софија, во вежбалната Boulderland, чиј раководител е светски познатиот производител на врвни фаќалишта за спортско качување -WALLTOPIA.

Натпреварот веше всушност пријателски болдер меч натпревар со едноставни правила; 15 насоки распределени во две категории: љубители и натпреварувачи, при што секоја од категориите имаше различнино Време на располагање за кавлификацискиот круг. 3 часа за 'љубители' и 4 часа за 'натпреварувачи'.

Големо ‘браво’ би упатиле на организаторот за одлично организираниот натпревар а воедно и настан. Жешка качувачка атмосфера, насмеани лица, одлична музичка програма и одличен натпреварувачки дух. 'Boulder -Moulder' натпреварот сериозно и со голема брзина еволуира во еден култен и ѕвучен болдер натпревар на просторите на Југоисточна Европа.

Скк Вардар учествуваше на овој натпревар, со двајца натпреварувачи, Димитар Попов и Стефан Копчаревски кои што успеаа да решат оволен број проблеми, но сепак доцнењето поради технички проблеми на Бугарската граница не овозможи шанса Димитар и Стефан да се изборат за доволен број качени проблеми за влез во финале. Но и покрај тој факт, натпреварот и целиот настан мина со многу качување и многу качени проблеми и разнена на искуства. Скк Вардар упатува голема благодарност до јазичната школа 'Challenge' и Ресторан 'Круна' Ѓорче Петров кои го помогнаа тимот да оди и да ги учествува на оваа болдер битка.


Вечерта на финалето беше вистински спектакал од светли рамки. Жестока болдер битка падна и во двете категории каде што финалистите со сигурност ги поместија своите лични лимити при што приредија незаборавен и забавен болдер меч.

Со нетрпение го очекуваме следното издание на 'Boulder -Moulder' натпреварот volume.3.