‘Boulder Moulder’ vol.2 е второто издание на овој качувачки собир со натпреварувачки карактер. Овој натпревар, на едно место ги собира сите качувачи, од сите нивоа на качување за целодневно болдер качување, дружење, забава излупена кожа и напумпани подлактници. Сите болдер проблеми ќе бидат направени непосредно пред натпреварот, а ексклузивно за овој настан, официјални поставувачи на насоки се Калин Грбов, Антони Митев и Емилијан Колевски, доста познати имиња во route setting –от во Бугарското спортско качување.
За да биде забавата подеднакво динамична за сите, болдер проблемите се поделени во две категории –РЕКРЕАТИВНИ, со тежинска рамка на проблемите од 4 до 6с /V0 –V5, и категорија ТВРДОКОРНИ КАЧУВАЧИ со тежинска рамка од 6с до 7с+. Згора на се, овојпат постои можноста и за тимски пласман покрај поединечен.
Тимот на Boulderland е доста добро запознаен со старото правило, после моќен качувачки ден, најдобро што може да ви легне во разгневените раце е студено пиво, заедно со пријателите , додека во главата ги реанимирате прекрасните качувачки моменти од денот кој изминал. И ова е наредено велат од Boulderland ! –ќе има доволно пиво обезбедено за сите, во ледени шишиња, додека DJ Emil Prize ќе се погрижи за добриот звук.

Наградниот фонд за овој болдер меч е во вкупна висина од 5500 бугарски лева (2250еур), кој е обезбеден блгодарение на главните спонзори Walltopia, HRT, Base Camp Shop, RooBar и Challenge Days.

Како што е веќе споменато, по натпреварот следи забава, со многу пиво и добра музика од DJ Emil Prize.
Котизација за натпреварот е 15 бугарски лева, (7.5 еур ), а доколку дојдете само да уживате во шоуто, влезот е бесплатен !
Право на учество:
Право на учество има секој постар од 14 годинишна возраст. Сите учесници задолжително е да потпишат изјава; сите малолетни учесници во изјавата мора да имаат и потпис на родител.
СКК Вардар –Скопје и СКК Екстрем –Скопје ќе учествуваат на ‘Boulder –moulder’ vol.2, каде што ќе ги одмерат силите и болдер техниката со своите пријатели –качувачи од Бугарија. Веруваме и се надеваме дека како Македонски тим ќе освоиме што повисок пласман.
За сите останати детали околу натпреварот, клик на официјалната страница за ‘Boulder –moulder’ vol.2 натпреварот.
Следете не со фото информации во живо на www.climbingschool.mk