На 27 Декември, оваа година, 2015, веќе трета година по ред ќе го прослави својот роденден, Болдер Натпреварот 'PlASTICMAN 3'. Имено, овој предновогодишен болдер натпревар е натпревар кој се одвива под маски, односно секој маскиран според темата за овогодишното издание на овој натпревар.
Натпреварот 'PLASTICMAN' се одржува веќе трета година по ред, за првпат во 2013 во Спортскиот Центар 'Борис Трајковски'
во организација на спортско качувачкиот клуб СКК ВАРДАР, кој воедно и беше носител на предходните две изданија на овој натпревар.
Оваа година, за промена, натпреварот е во организација на СКК КАРПОШ, а воедно самиот натпревар е и Државно Првенство во Болдер кое
е дел од Лигата Натпревари на МСКФ, и се рангира според постоечката ранг листа и правила.
"СКК КАРПОШ ги поканува сите качувачи и нека/вачи, рекреативци или напредни качувачи, алпинисти, планинари и outdoor ентузијасти,
да дојдат на 27 Декември (Недела) 2015 година, во болдераната која се наоѓа во СЦ'Борис Трајковски', сите заедно преку качувачкиот дух
да се дружиме, натпреваруваме и да ја изразиме својата креативност околу нашата маска. На натпреварот ќе биде поставена и кутија со
донации за нашиот пријател и качувач Горазд Николоски -Гого кој додека го читате ова ја води најтешката битка досега -животот !Бидете и Вие дел од PLASTICMEN 3, пријавете се, предизвикајте се себе си и качувајте :)"
Качувачите на натрпеварот ќе ги одмерат силите во три категории и тоа деца, рекреативци и натпреварувачи во машка и женска конкиренција.
За секоја категорија се предвидени по 7 болдер проблеми со техничка тежина во зависност од категоријата. Категоријата 'натпреварувачи'f
ќе биде бодувана во ранг листата на Македонската Спортско Качувачка Лига. Оваа година натпреварот зазема посериозен натпреварувачки дух,
со тоа што, покрај неговиот спортски и забавен карактер преку концептот на предновогодишна маскарада, истиот оваа година е официјален
натпревар од лигата на МСКФ. Оваа промена се должи на еволуцијата и растот на натпреварот, при што оваа година очекуваме доста нови и млади
тетиви да се тегнат на старите добри душеци, да се забавуваат и разменат качувачки планови за 2016, и секако, да донираат средства за нашиот Гого.
По натпреварот следи коктел забава во Бифе 'Култура' каде што официјално ќе биде заокружена Качувачката 2015 година, ќе бидат прогласени најголемите успеси како и најуспешните качувачи во годината во изминување и ќе бидат доделени наградите од покровителите на настанот, односно за најдобрите номинации ќе има вредни изненадувања од VERTIKAL SPORT MACEDONIA, eMINIMAL ТАТОО STUDIO и БоЛдерЧе Холдс !
ПРИДРУЖИ СЕ! УЧЕСТВУВАЈ ! НАТПРЕВАРУВАЈ ! ДОНИРАЈ ! ГЛЕДАЈ! УЖИВАЈ ! ДОНИРАЈ ЗА ГОГО ! ДРУЖИ СЕ ! УРЛАЈ ! ПОЧУВСТУВАЈ ГО КАЧУВАЧКИОТ ДУХ !
ПРОГРАМА НА НАСТАНОТ
Пријавување за сите на натреварувачи од сите категории -СЦ Борис Трајковски
|
11'00ч-11'45ч
|
Почеток на натпреварот за 'деца';
Пријавување за 'рекреативци' и 'натпреварувачи'
|
12'00 -14'00ч
|
Почеток на 'PLASTICMAN 3' за 'рекреативци;
Почеток на 'PLASTICMAN 3' -Државно Првенство во Болдер МКСФ- 'натпреварувачи'
|
14'00 -16'00ч
|
Бифе 'Култура' -Прогласување, доделување на наградите и качувачка забава за крај на ***Качувачката година 2015***
|
17'00 -01'00ч
|
Рута на возење -СЦ Борис Трајковски -Бифе Култура