Оваа година за првпат, на 20 Февруари на локалитетот за качување мраз, ‘Река’ ќе се одржи ‘I Ice Climbing &Drytooling’ Качувачки Собир –Маврово 2016 во заедничка организација на СКК Вардар и НП Маврово стремејќи се кон визијата за развивање на планинско –качувачка култура во регионот, како и унапредување и промоција на потенцијалот за самиот спорт.
Facebook страната од настанот
I Ice Climbing &Drytooling Meeting -Mavrovo 2016
I ‘Ice Climbing &Drytooling’ Качувачкиот Собир ќе се одржи на Локалитетот ‘Река’ –кој се наоѓа на 150m одалеченост по исклучувањето за Корабски пат и караулата Стрезимир. Овој е првиот безбедносно опремен и оклинчен и уреден локалитет за искачување мраз и Drytooling во Македонија. Идејата на овој локалитет кој овозможува релативно контролирани услови, насоки со помала техничка тежина за искачување како и умерена должина, е идеален за почетници во искачувањето мраз и drytooling како и за тренинг на поискусни качувачи. Конкретната цел на овој локалитет е развојот и стимулирање и привлекување на младата популација од Мавровско –Реканскиот крај да почне да се занимава со овој тип на спорт за кој најдобрите и најидеални услови се веднаш во ‘задниот двор’.
Покрај качувањето на I ‘Ice Climbing &Drytooling’ настан ќе уживате и во прoмоција на Вертикал Спорт како и ‘PETZL test –climb’ –каде што секој заинтересиран ќе има единствена можност да ги испроба алатките за мраз и карпа на PETZL, ‘Ergo’ и ‘Nomic’, ќе уживате промотивни цени (-%) на изложената Petzl опрема, ќе се мезиме со колбаси на жар и греано вино, логорски оган за греење и колбаси, промотивни цени на а-ла-карт во Ресторан ‘Мавровски Ан’ каде што ќе биде ручекот и доделувањето, за на крај целиот ден да го закружиме, во топлата Caballa Кафе во Маврови Анови со Happy-Hour, музика и качувачка журка !
Приказната за настанот
Неколку години по ред, мала група на пријатели, како и многу други авантуристи и качувачи, најчесто зиме досега, го посетуваме ова прекрасно место каде што на досега одевме исклучиво да качуваме мраз, а отсега на локалитетот покрај тоа што ќе се качува и зиме кога има мраз, но и во услови кога нема мраз –локалитетот овозможува качување во Drytooling стил.
Кај искачувањето на мразеви, се користи техничка опрема за напредување во плoчата од мраз или замрзнатиот водопад, каде што качувачот е опремен со две алатки за мраз (разг бајли или секири за мраз) во рацете и со челични крампони (разг. дерези) на чевлите на нозете. Обезбеден со јаже, карабинери и останатата потребна заштитна опрема, качувачот напредува нагоре по мразот. Drytooling е еден вид еволуција на качувањето мразеви, каде што качувачот со истата опрема која ја споменавме напредува во сува карпа –без мраз. Оваа форма на искачување е на засебен начин поинаква, пружајки едно поинакво искуство од качувањето мраз, поради поголемата прецизност и сила која е потребна. Качувањето мразеви како и drytooling се дел од семејството спортови на UIAA (International Climbing &Mountaineering Federation) а воедно искачувањето на мраз е и Олимписки Спорт. можете да прочитате повеќе.
Секако, од најголема важност е да се напоменат спонзорите WURTH –Македонија и Вертикал Спорт –Македонија претставник на PETZL, кои се наши долгогодишни партнери и веруваат и бескомпромисно не помагаат во визијата за развој на Мавровско –Реканскиот регион во место чии главен атрибут е потенцијалот за планинско –качувачките спортови како и сите останати спортови во природа.
...И неколку збора повеќе за нашата ‘ледена’ визија...
Со овој Ice Climbing &Drytooling собир, воедно и прв ваков Собир во Мавровско –Реканската регија, имаме визија да го унапредиме и организираме искачувањето мраз и суви карпи со алати за мраз –Drytooling. Оваа атрактивна форма на качување, која е дел од алпинизмот и е помалку -популарна кај нас, едно поради досегашните услови и инфраструктура, како и поради недоволно годишно количество на ледени формации кои би го помогнале развојот на овој тип на авантуризам и качувачки спорт.
СКК Вардар веќе неколку години е во соработка со ЈУ НП Маврово, каде што од минатата 2015 година е и примарен орган кој го уредува спортското качување, алпинизмот како и останатите качувачки спортови на територија на НП Маврово. Досега, изминативе години СКК Вардар успеа и овозможи одлични услови за врвно спортско качување во тренд со сите светски критериуми, при што и беа организирани неколку качувачки манифестации и собири од отворен карактер, како за искусни качувачи така и за почетници кои за првпат се среќаваат со искачување карпи.
Епа со големо внимание се трудиме да го направиме ова искуство една незаборавна Мавровска Приказна, и ве чекаме да дојдете, да се забавуваме и да го почувствувате зимскиот и адреналински дух на искачувањето мраз и ‘drytooling’ заедно со нас !