Во 2015 година качувањето бележи големи успеси во сите качувачки дисциплини, повеќе од било и која друга година. Следните седум достигнувања (наведени по произволен редослед), без разлика дали станува збор за првенствено искачување, брзински рекорд или искачување реализирано во подобар стил, беа избрани како 7 најголеми достигнувања кои ги подигнуваат досегашните граници на качувачкиот спорт.
Даниел Вудс -(Daniel Woods) -Првенствено Искачување на 'The Process' (V16)

На 17 Јануари оваа година, под осветлување од челни светилки, Даниел Вудс застана на врвот на Grandpa Peabody Boulder. Тој успешно го качи еден од дотогаш неискачените проекти во Buttermilks, Бишоп во Калифорнија. Вудс по успешното, првенствено искачување, ја именува оваа линија 'The Process',
оценувајќи ја со болдер тежина од V16.
Стартот на насоката е варијанта од 'Blood Meridian' (V13), па потоа се оделува во секвенца од V14 и на крај со неочистен highball излез (topout) V10.
'Синоќа беше уште една од оние вечери' -објави Вудс на Instagram. 'Се чувствував анксиозно, но истовремено и доста смирено и во добар контакт со каменот, при што успеав успешно да ја качам линијата.' -додаде тој. 'Голема почит за Даниел Беал кој прв сфати дека оваа линија е возможна, ја исчисти и голема благодарност што го сподели тоа со остатокот од качувачката заедница'.
Според Вудс во тој момент, Беал исто така беше многу блиско до неговото успешно искачување на 'The Process'. Подоцна во Февруари 2015 од насоката се крши клучно фаќалиште додека Беал ја работеше својата beta. 'Е сега е тешка..' објави Беал на Instagram. Насоката сеуште не е повторена.
Ули Штек повторно го симна брзинскиот рекорд на Ајгер

Ули Штек постави рекорд, далечната 2007 -3 часа 54 минути. Мислејќи дека 'не ваља' тоа, тој се врати на Северната на Ајгер следната зима и го подобри својот брзински соло рекорд за 1 час и 7 минути, односно со време на искачување од 2 часа и 47 минути.
На 16 Ноември тој повторно го собори својот личен рекорд. 39 годишниот Штек ја солираше насоката Хекмаер (ED2, 1800m, Fa 1938), која се наоѓа на Северната страна на Ајгер, Штек успеа застана на врвот насоката за 2 часа, 22 минути и 50 секунди, соборувајќи го својот дотогашен рекорд за 25 минути побрзо, како и рекордот на Дени Арнолд од 2011 со време од 2 часа и 28 минути. Кога Штек ги префрлил податоците од својот GPS часовник, од кои време, измината должина, висина и брзина, програмот му го пресметал дека нивото на просечниот интензитет на напор при искачувањето на насоката 'умерено'.
Ули Штек навистина е Швајцарска машина.
Tom Egan Меморијалната Насока -за првпат искачена слободно од Стенхоуп и Сигал преку 'Bugaboos' 8b+

После 4 години и повеќе од 100 дена изминати на големиот 'ѕид', Вил Стенхоуп и Мет Сигал, конечно го направија првото слонодно искачување на терхничката насока од 1947 година -'Tom Egan Memorial Routе' на источната страна на Snowpatch Spire, 'Bugaboos', Британска Колумбија. Тие ја искачија насоката од 13 јажеви должини, во еден здив, искачување кое ги задржа 4 дена на големиот ѕид, предложувајќи тежинска оцена од 8b+ (5.14). 'Оваа пукнатина изгледа како Богот на планината да се послужил со ласер, да го направи засекот, таков тенок, правејќи го едвај возможен', ja опиша линијата Тим Кемпл, исто така додавајќи, 'Еден од највозбудливите алпинистички проекти на сите времиња' -исткна за ASCENT 2014 -218-то издание на 'Rock &Ice'.
Том Еган Меморијална Насока, долга 13 јажеви должини, која за првпат е искачена технички, отворена од Дерил Хатен и Џон Симсон, се издигнува на источната страна на Snowpatch Tower па преминува и на 'Жолтата Кула' на североисточниот гребен.
Варијантата за искачување во слободен стил, започнува на 'Sweet Sylvia' 7b (5.12b) на десното крило на источната страна. Потоа траверзира преку клучниот дел, кој е избушен и со тежина 8b+ (5.14), пред влегувањето во споменатата пукнатина од Том Еган -овата Меморијална Насока. Наредниот цуг (јажева должина) -'Секачот', 'ласерски' засечената пукнатина во кјоа влегуваат само јагодиците на прстите, наречена 'Blood on the crack' (крв на пукнатината -во превод), е втората најтешка јажева должина, истотака оценета со 8b+. По овој цуг следуваат уште две 7c+ (5.13) должини оред насоката повторно да се соедини со 'Sweet Sylvia' каде што доаѓа повторно лесен дел со тежина
5c -6a (5.9 -5.10)излегува на погоре споменатиот гребен.
За време на нивниот 4-дневен 'redpoint' обид, Стенхоуп ги качи слободно сите должини, пријавувајќи го првото слободно искачување -додека Сигал, исто така успешни ги искачи во слободен стил сите должини, освен најтешката, првата 8b+. За време на искачувањето ги затекна добро познатото невреме за ова место, како и „бура со електрични празнења за време на нашето симнување“ -изјави Стенхоуп. Влошувањето на временските услови го оневозможија Сигал да работи на повеќе обиди за слободно искачување на споменатиот цуг.
'Мет Сигал се бореше како првак, но сепак, нажалост не успеа во тоа. изјави Стенхоуп. 'Живели за тебе братко, ти си најдобриот партнер што може качувач некогаш да го пoсака'.
Марк -Андре ЛеКлер ја солираше 'Corkscrew' на Церо Торе
На 16 Февруари 22 -годишниот Канадски алпинист успешно ја солираше 1220 метарската насока 'Corkscrew' (6b+, A1) на Церо Торе -воедно и најтешката рута која е успешно помината соло на гранитната кула на Церо Торе во еден ден. Роналдо Гариботи, кој напиша качувачки водич за масивот Шалтен (Chalten Massif), ја опиша оваа насока како 'искачување кое ги менува земјините пропорци', и ја процени величината на ова искачување како втора, покрај Првенственото Искачување на Ренато Касарото на Северниот столб на Фиц Рој (Fitz Roy) во далечната 1979.
Искачувањето на ЛеКлер е уште поимресивно и величествено кога ќе се земат во обзир лошите времеменски услови со кои се соочил тој за време на искачувањето. 'Цела ноќ непреќинато истураше дожд, бев целосно воден и накиснат бидејќи немав ниту шатор ниту бивак вреќа додека пукнатините во карпата лееја со вода'.
Тој успеа да се избори со водената карпа во пониските делови од насоката, додека нагоре го затектна стаклен слој на мраз кој што често морал најпрво да го изгребе со палците за да може да застане на газилиштата -вели тој. Еднаш кога тој излезе над облаците, карпата беше прекриена целосно со слој на тенок мраз, така што тој триесетина минути чекал фиксиран во место, слушајќи музика, додека сончевите зраци не го истопат ледениот слој, за да може да продолжи да качува.
ЛеКлер всушност 98% солирал, бидејќи на една секвенца во должина од метар и половина морал да се самообезбедува со јаже. 'Солирањето во алпинизмот за мене претставува еден од омилените стилови на качување', така што да се изведе соло искачување на еден, според мене, од најубавите врвови на светот, за мене беше неизбежно' -вели ЛеКлер. "Насоката Corkscrew ми претставуваше совршен предизвик да се качи соло, бидејќи ќе морам да ги употребам сите вештини и целото мое искуство од карпа и планина, заедно.' -додаде тој.
Адам Ондра ја „флешна“ 'Jade' (V14)

Адам Ондра ја „флешуваше“ 'Jade' (V14) и 'Dont'get Too Greedy' (V13) во 'Upper Chaos' кањонот во Rocky Mountain националниот парк, ден по неговиот бронзен финиш на
IFSC Светското Куп во Веил, Колорадо. Во видеото го испрати Ондра, Дејв Грахам, кој всушност го откри овој болдер проблем изјави 'Ова е многу, многу нездраво човекуу, неможам да поверувам',
'Ова со сигурност мора да е најтешкиот „флеш“ досега, едноставно мора да е!'
Грахам оваа линија ја откри во 2001, но првенственото качување падна на неговиот другар Даниел Вудс, шест години подоцна. Но Ондра иако заврши бронзен ден претходно
на IFSC Светскиот Куп, тој делуваше разочарано од својот перформанс на Светскиот Куп. Таа фрустрација ја истури на 'Jade', што најверојатно е најтешкото флеш качување досега. 'Надреален беше моментот кога ja решив оваа насока' -изјави Ондра на 8а.nu.'И покрај двата предходни натпреварувачки дена, се чувстввуам силно и со добра кожа на
Првенствено Искачување на 'Маунт Вадингтон', Британска Колумбија

За само два дена, Пол МекШорли, Мајан Смит -Гобат и Инес Паперт, 'исковаа' нова микс линија излегува на врвот на таканаречениот 'Southwest Buttress' на Маунт Вадингтон,
Британска Колумбија. Тројката излезе на вровот на 18 Август -тврдејќи дека тоа е првенствено Искачување на 800 метарска насока со 20 јажеви должини, при што ја предложија тежинска оцена од 6c односно ( 5.11a WI3 M5 ED1 ). Тројката бивакувала некаде под врвот, и безбедно се вратиле во базниот логор прегку 'Енџел' глечерот, па до Даис кулоарот се до Даис глечерот. 'Колку што сум јас запознаен, досега имало уште два претходни обиди за Првенствена на 'Soutwest Buttress' -вели МекШорли за Rock &Ice магазинот. Иако ова може да е технички најтешката насока за искачување на целата планина, сигурен сум дека постојат многу полесни линии под главниот врв.' -додаде тој.
"Падна" 'Ѕидот На Раната Зора'
'Ѕидот На Раната Зора' -искачување и приказна која им го сврте вниманието на сите меинстрим медиуми и целата светска јавност. Зошто е ова толку импресивно? Затоа што го качија со раце и нозе! :) Шeгата настрана, по седум години и уште еден обид со сите сили кој траеше вкупно 19 дена, 'Ѕидот На Раната Зора' конечно беше качен слободно од Томи Колдвел и Кевин Јоргенсон.
Насоката, со вкупно 32 јажеви должини, може да се пофали со 7 јажеви должини со тежина поголема од 8b+ (од кои две должини се со 9а тежина), и од истата причина 'Ѕидот На Раната Зора' се смета за најтешкото искачување на карпа во светотм, воедно и најтешка насока досега, особено поради нејзинота комбинирана должина и тежина.
Слободното искачување на 'Ѕидот На Раната Зора' претставува клучен еволуциски момент во светското качување, не само поради напредокот на качувањето како спорт со качувањето на оваа насока, туку токму и поради фактот дека го донесе качувањето на светската медиумска сцена. Очите на светската јавност на големо беа вперени и будно го следеа излегувањето на Томи и Кевин од насоката на 19 тиот ден. Приказната, 'Ѕидот На Раната Зора' надмина 1 милијрда набљудувачи што придонесе ова да биде најчитаното, најгледаното и најслушаното искачување досега во светот.
Кон подобро или полошо, 'Ѕидот На Раната Зора' го втурна качувањето во една тотално нова ера на пубицитет и популарност -ера каде што веќе секоја бабичка во САД има слушнато за Томи, Кевин и Ел Кап, дешифрирајќи ја разликата помеѓу слободно качување и соло качување :) .Оваа ера со голема веројатност најавува вртоглаво зголемен број на качувачи, поголем број качувачи во просек во сите светски локалитети како и генерален развој на качувањето.
Спортот што некогаш бешe гледан како спорт за одметници и вагабонти, сега прерасна како училишен спорт во средните училишта во САД, покрај фудбал, кошарка и бејзбол.
Качувањето се најде и на'скратената листа' за Токио 2020. Вежбални за качување никнуваат насекаде во САД, побрзо од било и кога да е, или како што се изрази Крис Кристи, се случува качувачка 'епидемија'!
The Dawn Wall Push: Day 19 from Rock & Ice on Vimeo.