
Изминатото лето 2014 Мар Алварез Mar Álvarezстана 5 –тата жена во историјата што успешно има качено 9а тежина. Овој успех е уште поимпресивен поради фактот што Мар не е професионален качувач, туку е вработена со целосно работно време како пожарникар за да може да ги издржува нејзините качувачки потфати и качувачка кариера. Да се качи било која насока во 9тата категорија тежинска оцена бара многу посветено време и енормно голема посветеност кон спортот. Да се најде потребно време и да се остане доволно мотивиран за потребниот тренинг не е лесно, но пристапот на Мар отсекогаш бил насочен кон ласерски остар фокус и голем стремеж кон тоа што треба да се исполни, нешто што ја движи напред кон својата цел се додека не ја исполни. Очигледно е дека тој пристап функционира за Мар, а тоа го докажува со нејзиниот успешно искачување на „Esclatamasters“ насоката со тежина 9а, што воедно ја “врежа“ Мар како една од најјаките качувачи во светот, од било кој пол. Таа воедно е и 3-та жена во светот која има качено повеќе 9а насоки.

Но настрана ова, таа долго се бори за да најде спонзори и да си го оствари својот сон да може да качува во полно качувачко –работно време. Следното видео, од EPIC TV и дава перспектива и надежи Мар да успее во својот сон. За нејзе повеќе можете да погледенете на EPIC TV.
Видеото од искачувањето „Esclatamasters“ 9а.