По повеќе од една година пауза, со големо задоволство ве известуваме дека се формираат нови групи во склоп на школата на СКК Карпош, а со тоа место плус за секој што сака максимални дози на адреналин, исрпувачка, забавна и уникатна физичка активност која максимално го активира телото и умот.
Се предизвикувате себеси и вашиот најголем непријател - ГРАВИТАЦИЈАТА!
Само 2 минути од овој олимписки и урбан спорт заменуваат 25 минути тенис, 30 минути фудбал итн итн...
Низ персонализирана програма за секој поединечно, го достигнувате својот максимум и заедно стигнуваме до ВРВ! Многу насоки, многу дружење, многу качување на природна и вештачка карпа, повеќе дневни кампови и адреналин и затеганото тело во одлична физичка спрема се само дел од работите кои спортските спортските качувачи ги добиваат во нашиот клуб. Тренинзите ги води повеќекратен државен и балкански првак - Ване Наунов.
Доколку имате 16+ години, пријавете се и предизвикајте се себеси на еден од селективните тренинзи - АКО успеете станувате дел од тимот на СКК Карпош!!!
Повеќе инфо на 078-444-439
naunow95@gmail.com