Кога зборуваме за зголемување на физичката сила и издржливост, здравствени и физички придобивки, докажано е дека outdoor спортовите, а најмногу спортското качување , имаат огромен број позитивни придобивки кои одлично влијаат на нашето физичко и ментално здравје.
Но, согласно брзиот начин на живот во градовите, каде постојано сме во трка со времето, качувањето на природни локалитети, колку и да ни се блиску не е секогаш изводливо
За среќа на сите ентузијасти, во Скопје, како и во скоро сите други градови ширум Македонија постојат сали за спортско качување, што на телото влијаат исто како искачување на природни капри и го нудат истиот адреналин и забава.
Освен што е одлично за нашето здравје, спортското качување исто така е многу возбудливо, а често возбудата и адреналинот додека се качува го маскира фактот дека всушност физички вежбате, па е тешко да прекинете со тренинг. Во продолжение ќе прочитаме за три од многуте здравствени придобивки, кој овој олимписки спорт ги нуди. Доколку редовно качувате во некоја од салите за спортско качување, истите придобивки ќе ги осетите после првиот тренинг.
1. Тренинг за цело тело!
Една од најголемите придобивки од спортското качување е тоа што целосно ги активира и горните и долните мускули на телото. Ќе ги активирате и зајакнете мускулите на грбот и рацете кога ќе се повлечете нагоре и ќе бидете принудени да ги вклучите мускулите на јадрото, долниот дел од грбот и нозете за да го стабилизирате телото додека се качувате. Активирањето на сите овие мускулни групи на еден ист тренинг ( најчесто во траење од 1 саат ) го прави спортското качување многу поефикасно од време поминато во третана (каде на еден тренинг се активира само една мускулна група), а тоа е и одлично решение за оние кои немаат многу време да посетуваат теретана повеќе пати неделно. Секако, пред почетокот на секој тренинг задолжително се загреваме, а на крајот следува истегнување, за да се избегне ризикот од спортски повреди и воспалувања.
2. Зголемување на флексибилност и координација на телото!
Соодветен опсег на движење на секој зглоб е клучно за да можеме слободно да го движиме нашето тело без да претрпиме повреди, во било кој спорт. Опсегот на движење на секој од нашите зглобови може да се подобри преку зголемена флексибилност, а спортското качување може да ни помогне да станеме пофлексибилни. Размислете, наместо да се движите во иста насока како е случајот со другите спортови, спортското качување бара да го придвижите телото во сите насоки најизменично- сите во ист тренинг! Оваа постојана промена во насоката бара телото да се прилагоди и да научи ефикасно да се движи во сите три рамнини на движење (сагитална, фронтална и попречна). Покрај тоа што ќе ја зголемите вашата флексибилност, спортското качување ќе ви помогне да се движите ефикасно и со зголемена сила додека се занимавате и со секојдневни активности.
3. Значително го поодбрува функционирањето на мозокот!
Качувањето во сала на вештачка карпа не е воопшто лесно и наивно како што изгледа од страна- вклучува многу размислување, решавање на проблеми и координација на телото, што со тек на време ја подобрува работата на мозокот. Спортското качување, бара да бидете целосно присутни во моментот, фокусирани и да имате целосна контрола над телото и умот, па затоа е ефикасен начин за подобрување на концентрацијата и фокусот и долготрајно намалување на стресот.