По повеќе од 1 месец интензивни припреми, се случи и Атомска Мравка - 2018 !
Најмасовна до сега со повеќе од 130 "мравки" од 7 држави на едно место - СКС Карпош, овој настан несомнено го направи Скопје центар на сите спортски збиднувања во тие 2 дена. Во организација на МСКФ и СКК Карпош а подржани од Агенција за млади и спорт, Град Скопје и Општина Карпош,, тим од околу 10 луѓе неуморно работеа повеќе од 30 дена со цел стадионот да блесне во сиот свој потенцијал, а Атомска Мравка да излгеда Европски. Во екот на Европската недела на спортот и иницијативата BE ACTIVE, Атомска Мравка даде огромен придонес во етаблирање на македонскиот спорт на европско ниво, и покажа дека спортското качување е во сериозен подем и еден од најатрактивните олимписки спортови. Публиката уживаше, натпреварувачите лавовски се бореа и на крај сите се согласат дека Атомска мравка и спортското качување уште многу години во иднина ќе ги собритаат најдобрите спортски качувачи во нашиот главен град.
Насоките беа одлични,судиите на ниво на задачата и сето тоа доведе до одлична организација и многу задоволни родители и натпреварувачи. Во искчекување на официјалниот after movie уживаме во одличните фотографии од 8мата по ред АТОМСКА МРАВКА.