По едномесечни интензивни подготовки, на наше огромно задоволство во најдобар ред протече и овогодинешната 6та по ред Атомска Мравка, која годинава беше и Балканско Младинско првенство. Повеќе од 100 натпреварувачи од 5 држави дојдоа во Скопје на добро познатата локација – СКС Карпош, каде во одлична такмичарска атмосфера се кршеа копјата за триумф.
Во организација на СКК Карпош и МСКФ, организациски Атомска Мравка протече во најдобро светло, а за тоа сведочат и бројните задоволни деца и родители, кои веднаш најавија присуство и на следната атомска мравка.
За пофалба се и нашите најмлади качувачи кои ги бранеа боите на нашата држава но и на своите клубови, а притоа се закитија со медал и се искачија на престижниот пиедестал. СКС Карпош како мост помеѓу сите генерации, ги сплоти најмладите и возрасните на едно место со цел да се бодрат сите такмичари а стадинот да биде Балкански епицентар на спортот и спортското качување.
Огромна благодарност до целиот тим кој несебично работеше и помагаше целиот овој настан да помине така како што помина, благодарност до припадниците на БСН Волци кои повторно се одзваа на повикот за соработка и беа присутни на стадионот и неизмерна благодарност до министерстово за заштита на животна средина и просторно планирање кое целосно ја подржа овогодинешната Атомска Мравка.
Во прилог неколку фотографии од одличниот ден за сите кои не биле да им биде криво и да ги натера следната година да не посетат.