ЦЕЛИ И ВИЗИЈА

Школата за спортско качување е формирана во 2012 година во Скопје од Димитар Попов, страстен качувач и одличен инструктор. Од 2014 школата продолжува да работи под раководство на Ване Наунов, 10 години Балкански и 12 години државен првак на Република Македонија во јуниорска и во сениорска конкуренција. Главната визија и цел на школата е приближување на спортското качување и качувачкиот спорт до младите авантуристи и сите љубители на спорт и адреналин  кои се активни; продолжување и ширење на качувачкиот спорт и култура следејќи ги нормите и вредностите кои постојат во качувачката заедница ширум светот, преку стандардизиран и унифициран систем на обука, техники и системи, како и претставувајќи го спортското качување како активност достапна за секој авантурист во секојдневни околности како во природна така и во урбана средина.

РАБОТА НА ШКОЛАТА

Нашата работа е вршење квалитетна и врвна обука и индивидуални тренинзи за качување и напредок во спортот за сите заинтересирани без оглед на возраста и почетната физичка спрема, кои се стремат да се занимаваат со качувачкиот спорт, но и преку овозможување на професионални услуги како што се организирани качувачки тури, пробно и воведно качување или тим билдинг активности за оние кои се заинтересирани едноставно да се запознаат со спортот или пак да поминат време во природа исполнето со возбуда, адреналин и насмевки.  Во склоп на школата за качување активни се 2 групи, и тоа:

1. Детска Школа за Спортско Качување - за деца од 7 до 15 години;

2. Школа за Спортско Качување - за сите над 16 години;

Преку врвни тренинзи и индивидуална програмa за секој член, во нaјсофистицирани услови  ( СКС Карпош и Болдер Бар ), тимот на climbingschool i СКК Карпош се труди овој олимписки спорт да биде достапен за сите во секое време.

За сите прашања и се останато слобондо контактирајте не преку нашата контакт форма или телефонски.

 

Спортски поздрав

Спортски Качувач - Инструктор I степен

Ване Наунов