МАВРОВО

Насоки за спортско качување    28
Тежини   6a9а 
Должина јаже:    60m
Карабинери    10  20
Должина на насоки   15  35m
Сезона    Лето, есен
Внимавајте на пристапот. Особена претпазливост при влажно време. Можна појава на змии.

КРАТКА ИСТОРИЈА

Неколку македонски качувачи извесно време ја имаа на пик долината по реката Радика и карпестите вертикали кои се издигаа небесно високо долж нејзиниот кањон. Во 2013 година сонот за Маврово го реализира Димитар Попов, Александар Брборовиќ и Владимир Трповски, отворајќи ги првите насоки за спортско качување во Мавровскот регион, и со тоа започнувајќи една нова страница во спортското качување во Македонија. Во 2013 година од страна на споменатата тројка се отворени 17 насоки за спортско качување, долги и до 40m, кои минуваат низ грандиозниот плафон на пештерата. Во Јули 2014, Димитар и Владимир ги покануваат своите пријатели од Словенија и организираат македонско –словенечка акција за отворање на нови насоки (Mavrovo bolting week 2014), и се отвораат уште 12 тина нови насоки, со тежина од 6а+ па се до проекти потешки од 8c+.

ОПИС

Карпата е со сталактитна варовничка структура, различно, на места сив а на места црвен варовник со одличен квалитет. Карактеристични насоки во овој локалитет се долги превисни линии, со туфи или колонети, плафони, плочи. Сериозен локалитет со сериозен потенцијал. Претставува редизвик за голем број качувачи, и овозможува идеални услови за качување во летниот период. Маврово е сезнација за многу звучни имиња од светот на качувањето. Во 2014 година гостин на овој локалитет беше и Клемен Беќан од Словенија.

ЛОКАЦИЈА

На 120km одалеченост од Скопје, на околу 1h и 20min возење во западна Македонија. Се приоѓа преку националниот парк Маврово, се минува низ Маврови Анови и потоа се вози 10тина километри по текот на Радика, во правец кон Дебар.