КУРС ЗА КАЧУВАЊЕ

Со основниот курс за качување се стекнувате со сите потребни знаења и техники за самостојно и безбедно да качување на природна и вештачка карпа. Курсот е воден од лиценциран спортски качувач -инструктор, на локалитети во природа -придодни вертикали и болдери, вештачки карпи и болдер сали.

ПОТРЕБНО

  • Основна физичка подготвеност (спортски активни лица)
  • Потврда од спортски лекар за способност за бавење со спорт (спортска медицина)
  • Писмена согласност од родител (за лица под 18 годишна возраст)
  • Потпишана пристапница за почеток на курс

ПОТРЕБНА ОПРЕМА

  • Патики за качување

ПОЖЕЛНА ОПРЕМА

  • Безбедносен појас за качување (UIAA стандард; доколку немате сопствен, појасот ќе ви биде обезбеден за време на курсот)
  • Заштитен шлем (UIAA стандард; доколку немате сопствен, ќе ви биде обезбеден за време на курсот)
  • Торбичка за магнезиум

OБЕЗБЕДЕНА ОПРЕМА ЗА ВРЕМЕ НА КУРСОТ

  • Јажиња
  • Карабинери
  • Алатки за осигурување
  • Торбички за магнезиум
  • Останатата опрема е по потреба на кандидатот

ТЕХНИКИ И ВЕШТИНИ СО КОИ СЕ СТЕКНУВАТЕ

  • Опрема -Целосно запознавање и ракување со личната и колективна опрема
  • Основни движења при качување (основи на моторика при спортско качување)
  •  Јазли и  нивно користење
  • Стандардизирана работа со јажиња (UIAA, МСКФ)
  • Стандардизирана работа со карабинери и останатата безбедносна опрема (UIAA, МСКФ)
  • Осигурување при качување со горно обезбедување (top rope) и водство
  • Начин, техника и правилно качување и работа при водење на насока
  • Стандардизиран систем и начин на спуштање по јаже (abseil)
  • Безбедно собирање на сопствената опрема од насоката за качување

ПРОГРАМА НА КУРСОТ

  • Качување на вештачка карпа (Времетраење на термините–од 2 до 4 часа)
  • Качување на природна карпа (Целодневни екскурзии во договор со кандидатите)
  • Болдер качување (вештачка или природна карпа –во договор со кандидатите)

ВРЕМЕТРАЊЕ НА КУРСОТ ЗА СПОРТСКИ КАЧУВАЧ

  •  8 термини (Качување на природна и вештачка карпа, качување болдер и теорија)
  • 3-5 недели (во зависност од временските услови и сезоната) 

ТЕРМИНИ

  • Во работна недела (вештачка карпа)
  • Викенди  (природна карпа)
                                                                                                        *во договор со инструкторот

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО

  • Надомест за користење на вештачките карпи
  • Членарина во спортско качувачки клуб (*Скк Kарпош 1000мкд/годишно членство)
  • Патики за качување

 

Стекнат сертификат: Спортски качувач
Цена на курсот: 9000мкд

Со успешно завршување на курсот, кандидатите се стекнуваат за право да се пријавуват за полагање за сертификат -спортски качувач. Полагањето е формално потврдување на стекнатото знаење преку практична демонстрација. По полагањето се кандидатот се стекнува со диплома (сертификат) за спортски качувач, како и полноправно членство во спортско качувачки клуб и користење на корисни бенефиции. Полагањето се одржува на барање на кандидатите.